Гугл баз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на Гугл баз

Гугл баз (англиски јазик|Google Buzz) е сервис на компанијата „Гугл“. Во основа, Гугл баз е друштвена мрежа и микро-блог алат интегриран во Џимејл. Корисниците можат јавно да објавуваат и разменуваат слики, видео материјали и кратки текстуални пораки. Корисникот за секоја порака одредува дали сака таа да биде видлива за сите или само за одредена група на корисници.

Гугл баз е гугловиот одговор на се попопуларните сервиси Фејсбук и Твитер.[1]

Кога Гугл баз се користи од мобилен уред, со пораката автоматски се испишува и локацијата од која е испратена. Исто така интегриран е и Гугл мапс така да корисникот може да види кои од неговите Џимејл контакти се наоѓа во близина.

Во октомври 2011 година Гугл званично објавил дека ќе го згасне Гугл баз сервисот за неколку недели.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]