Гривна (оклоп)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Гривните (наречени и ногавици или ногалки) е оклопен штитник за нозете. Се среќаваат во парови и од најразлични материјали, од наполнет текстил, па до челична ламарија. Некои видови го штитат само долниот дел (полугривна) или пак го покриваат и горниот дел, за заштита на бутините.
Гривните најчесто се среќаваат во оклопната опрема кај тешката пешадија од античко време. Македонските фалангити носеле бронзени гривни. Тријариите, подобро опремените римски војници пред времето на Сула, носеле гривни на обете нозе како егејските. Принципите и хастатите често носеле само една гривни (на левата нога), или пак ниедна. Римските центуриони носеле посебни гривни, преиначени од стандардната униформа. Во времето на империјата, легионерите не носеле гривни, освен центурионите, кои ги задржале.
Во Средниот век почнале да се изработуваат гривни кои ја штитат ногата од сите страни, и така настанал поимот полна гривна (наспроти античките, кои се нарекувале полугривни).
Гривните се споменати и во Стариот Завет (таму наречени „ногавици“ или „ногалки“) (1 Самуил, 17:6) како ножни штитници на џинот Голијат во неговата борба со еврејското овчарче Давид.
Видете исто така [уреди]
| Оваа статија поврзана со оклоп е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
