Грб на Отоманската империја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отоманскиот грб од XIX век.
Грбот на Отоманската империја на зградата на Заводот за заштита на спомениците во Битола, која била воена академија во времето кога бил ставен грбот.

Поради својот исламски карактер Отоманската империја немала грбови или хералдика|хералдичка традиција. Наместо грб, секој султан на Отоманската империја имал личен монограм или печат, кој се нарекувал тура и служел како грб, по примерот на голем број на европски монарси. Дури во XIX век, во времето на Танзиматот и обидите за модернизација на земјата, империјата добила официјален грб. Конечната верзија на отоманскиот грб била одобрена од страна на султанот Абдул Хамид II на 17 април 1882 година.

Грбот на Отоманската империја се состоел од три елементи: знамето на Отоманската династија, кое е со црвена боја со бела полумесечина, халифското знаме кое има зелена боја со три полумесечини, и најгоре се наоѓа златно сонце повторно со зелена полумесечина. Во него се наоѓа турата на султанот.