Гран Торино

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гран Торино е американска драма од 2008 година режирана и продуцирана од главната улога на филмот Клинт Иствуд каде што играат исто така и Bee Vang (Би Ванг) и Ahney Her (Ени Хер). Филмот го бележи враќањето на Иствуд на големото платно како главна улога по четири години. Неговата предходна главна улога ја имаше во филмот ,,Девојка од милион долари” каде што Иствуд изјави дека тоа е последниот филм каде што ќе глуми. Филмот содржи голем број на актери кои по потекло се Хмонг американци и најмладиот син на Иствуд, Скот Иствуд, кој го глуми Треј. Најстариот син на Иствуд, Кајл Иствуд ја напишал музиката за филмот. Филмот се појавил во кино салите најпрво во Северна Америка на 12 декември 2008 година а потоа доживеал светска промоција на 9 јануари 2009 година. Тоа бил првиот конвенционален американски филм во кој биле прикажани американци со Хмонг потекло. Приказната започнува со Волт Ковалски, ветеран од Корејската војна кој што од неодамна останал вдовец, одвоен од неговата фамилија и е лут на светот. Младиот сосед на Волт со Хмонг потекло, Тао Ванг Лор е под притисок од страна на неговиот братучед да го украде автомобилот на Волт, Форд Гран Торино од 1972 година со цел да влезе во бандата. Притоа Волт развива посебен однос со момчето и со неговата фамилија. Гран Торино беше критички и комерцијален успех кој што на глобално ниво порасна за над 260 милиони долари. Во рамки на Хмонг заедницата во Соединетите Американски Држави филмот доживеал и пофалби и критики.


Содржина[уреди]

Волт Ковалски (Клинт Иствуд) пензиониран работник на фабриката Форд и ветеран од американската армија во Корејската војна, од неодамна останал вдовец по 50 години брак. Неговото соседство во близина на Детроит во Highland Park во Мичиген кое порано било населено со фамилии од белата раса кои биле од работничката класа, сега претежно доминирало со сиромашни азијски имигранти каде што насилството од страна на бандите било секојдневие. Покрај изолацијата, тој ја чувствува емоционалната одделеност од својата фамилија, бил непочитуван од страна на неговите внуци за време на погребот на својата жена а нивните родители биле незаинтересирани. Тој жестоко ја отфрла понудата кога еден од неговите синови сака да го пресели во дом за стари лица (претчувствувајќи дека тие го сакаат неговиот дом и неговите вредни работи) и живее сам со неговиот лабрадор ретривер, Дејзи. Волт добива нагони на кашлица и повремено искашлува крв, но тоа го крие од неговата фамилија. Отец Јанович, млад католички свештеник на кој што жената на Волт му се исповедала, се обидува да го утеши, но Волт отворено го презира младиот и неискусен маж. Хмонг семејството Ванг Лор му се соседи на Волт. На почетокот тој не сака да има ништо со неговите нови соседи, особено откако го фатил Тао Ванг Лор, член на таа фамилија, обидувајќи се да го украде неговиот Форд Гран Торино 1972 кој бил принуден за тој потег од страна на Хмонг банда кој ја води братучедот на Тао - ,,Пајак” (Spider). Бандата е разбеснета и го напаѓа Тао, но Волт со нив се соочува со пушка М1 Гаранд и ги брка. Со тоа тој ја придобива довербата кај Хмонг заедницата. Како покајување, мајка му на Тао го убедува Тао да работи за Волт, кој што го ангажира да работи невообичаени работи во соседството и постепено двајцата со тешко срце започнале да се почитуваат еден со друг, потпомогнати од сестрата на Тао, Су. Волт му помага на Тао да најде градежничка работа и му дава совет како да се однесува за време на состанокот со популарна Хмонг девојка Јоуа (Youa) кој што ја вика Јам Јам . Бандата продолжува да му врши притисок на Тао и тие повторно го напаѓаат кога тој си оди од работа накај дома. Волт ги гледа раните на Тао и ги посетува членовите на бандата дома каде што тој напаѓа еден член од бандата. Во знак на одмазда, бандата пука во домот на фамилијата Ванг Лор, повредувајќи го Тао и притоа бегаат со тоа што ја киднапирале и ја силувале Су. Следниот ден Тао бара помош за одмазда од Волт при што Волт на тоа му вели да се врати доцна попладне. Во меѓувреме Волт се подготвува со тоа што купува одело, се потстрижува и оди на исповед кај Отец Јанович. Кога Тао се враќа, Волт го носи во подрумот каде што му ја дава Сребрената ѕвезда (медал што го даваат на американските војници). Потоа Волт го заклучува Тао во подрумот и му кажува дека бил прогонуван во мислите од спомени за тоа што убил непријателски војник (податок што не го споделил кога се исповедал кај Отец Јанович) и инсистира Тао да не биде сведок на таков чин за да не го прогонува тоа искуство. Волт оди до куќата на членовите од бандата. Кога тие го здогледуваат, тие посегнуваат по нивното оружје. Тој зборува гласно (отворено ги прекорува), привлекувајќи го вниманието на соседите. Ставајќи цигара во устата, бара запалка и потоа полека ја става неговата рака во палтото и провокативно ја вади раката преправајќи ја дека е пиштол, поттикнувајќи ги членовите од бандата да пукаат во него и да го убијат. Како што паѓа тој на земја, ја отвара својата шака и покажува воена запалка што значи дека не бил вооружан. Су го ослободува Тао, ја земаат колата на Волт, Гран Торино и идат до местото каде што е убиен Волт. Хмонг полицаец им кажува дека бандата ќе биде уапсена и осудена на долг временски период за убиство бидејќи постоеле голем број на сведоци кои го виделе убиството. Погребот на Волт го води Отец Јанович и присуствувале не само неговата фамилија туку и Тао, Су и многумина од Хмонг заедницата. Потоа, неговиот тестамент е прочитан и на изненадување на неговата фамилија, Волт ништо не им оставил. Неговата куќа ја дава на црквата а неговиот внимателно чуван автомобил - Гран Торино го остава на Тао. Филмот завршува како Тао ја вози колата покрај Lakeshore Drive со кучето на Волт, Дејзи.

Улоги[уреди]

  • Клинт Иствуд (Clint Eastwood) како Волт Ковалски
  • Би Ванг (Bee Vang) како Тао Ванг Лор, млад Хмонг тинејџер
  • Ени Хер (Ahney Her) како Су Лор, најстарата сестра на Тао
  • Кристофер Карли (Christopher Carley) како Отец Јанович
  • Доуа Моуа (Doua Moua) како Фонг ,,Пајак” (Spider), братучед на Тао, главниот на уличната банда со Хмонг лица и главниот антагонист.
  • Сони Вуе (Sonny Vue) како Смоки, десна рака на Фонг
  • Брајан Халеј (Brian Haley) како Мич Ковалски, постариот син на Волт и братот на Стив, татко на Џош и Ешли
  • Брајан Хове (Brian Howe) како Стив Ковалски, помладиот син на Волт, девер на Карен и брат на Мич
  • Гералдине Хјус (Geraldine Hughes) како Карен Ковалски, сопруга на Мич, снаа на Волт и на Стив и мајка на Ешли и Џош.
  • Дрима Вокер (Dreama Walker) како Ешли Ковалски, ќерка на Мич и Карен и внука на Волт.
  • Мајкл Е. Куровски (Michael E. Kurowski) како Џош Ковалски, син на Мич и Карен и внук на Волт.
  • Џон Карол Линч (John Carroll Lynch) како Мартин, фризерот на Волт од италијанско-американско потекло
  • Чи Тао (Chee Thao) како баба Ванг Лор, матријарх на фамилијата на Тао.
  • Чоуа Куе (Choua Kue) како Јоуа, која што Волт ја вика ,,Јам Јам”
  • Скот Иствуд (Scott Eastwood) како Треј, дечкото на Су.

По одржувањето на аудициите во Фресно, Калифорнија, Детроит, Мичиген и Сент Пол, Минесота, Иствуд одбрал десет Хмонг главни актери и споредни актери. Од нив само еден не се појавувал на филм за прв пат. Од аудицијата со актерите со Хмонг потекло, вклучувајќи го и Би Ванг, еден од главните актери, биле од Минесота. Ени Хер доаѓа од Ленсинг, Мичиген. Агенцијата задолжена за кастинг на актери ,,Паунд и Муни” (Pound & Mooney) најми триесет актери и преку петстотини стажанти. Агенцијата најми многу актери со Хмонг потекло на еден фусбалски турнир во округот Макомб во Мичиген. Сенди Чи Моуа (Sandy Ci Moua), која е актерка со Хмонг потекло и живее во Минеаполис и Сен Пол, помогна во одбирањето на актери со Хмонг потекло за потребите на филмот.

Продукција[уреди]

Режијата на филмот Гран Торино ја направи Клинт Иствуд, а сценариото го напиша Ник Шенк (Nick Schenk). Продукцијата беше направена од страна на Village Roadshow Pictures, Media Magik Entertainment и Malpaso Productions за дистрибутерот ,,Варнер броз”. Иствуд истотака продуцирал покрај Малпасо партнерите Роберт Лоренц и Бил Гербер. Оригиналното сценарио било инспирирано од североисточното соседство на Минеаполис, Минесота, но филмската екипа одбрала да се снима во Мичиген, станувајќи една од првите продукции која го искористила новиот државен закон кој обезбедува корисен стимул пакет за филмските продукции. Бил Хуиценга, од Зиланд, Мичиген кој што работел во Претставничкиот дом во Мичиген, им помогнал на создавачите на филмот да се напише и координира програмата за стимул пакетот на државата Мичиген. Иствуд никогаш јавно не изјавил зошто сака да го направи филмот. Луиза Шејн во неделниот весник AsianWeek напаѓа дека можеби тој се поистоветувал со татковските особини на Волт Ковалски. Во јули 2008 година почнал да се снима филмот. Биле најмени Хмонг момчиња како дел од екипата како и продукциски асистенти и стажанти. Филмот се снимал повеќе од пет недели. Уредниците Џоел Кокс и Гери Д. Роуч го скратиле филмот за тој да не биде подолг од два часа. Екипата потрошила 10 милиони долари додека го снимале филмот во Детроит. Во раните 90ти години, Шенк бил запознаен со историјата и културата на луѓето со Хмонг потекло додека тој работел во фабрика во Минесота. Тој исто така дознал како тие (Хмонг народот) биле во сојуз со Јужно виетнамските сили и нивните американски сојузници за време на војната во Виетнам, за на крајот да завршат во кампови за бегалци, оставени на милост и немилост на северните комунистички сили, откако американските трупи се повлекле од Виетнам а владините сили биле поразени. Години подоцна, тој одлучувал како да развие приказна вклучувајќи и ветеран од Корејската војна кој што останал вдовец и обидувајќи се да се справи со промените во неговото соседство кога решил да смести фамилија од Хмонг потекло во соседството и да создаде културен судир. Тој и Дејв Јохансон, цимерот на братот на Шенк, создале нацрт за приказната. Според Шенк, тој секоја ноќ користел пенкало и лист за да го напише сценариото. Тоа го пишувал во бар во северноисточниот дел на Минеаполис, Грумпи, користејќи го времето кога не ја работел својата редовна работа. Тој се сеќава дека напишал 25 страници од сценариото во една вечер во барот. Исто така се сеќава дека го прашал келнерот, кој всушност му бил негов пријател, прашања за понатамошниот тек на приказната. Некои луѓе поврзани со филмската индустрија кои биле блиски со Шенк му кажале дека тој неможе да направи филм со старец во главната улога бидејќи така нема да биде продаван филмот, а посебно не со постар главен лик кој користел јазик кој сугерирал дека ликот имал расистички ставови. Шенк преку пријател го пратил сценариото до продуцент на холивудското студио ,,Варнер броз” – Бил Гербер. Иствуд бил во можност да го режира филмот а воедно и да ја игра главната улога во проектот односно во филмот бидејќи во тој период снимањето со филмот ,,Непобедливи”(Invictus) била одложена за почетокот на 2009 година при што тој имал доволно време за да го снима филмот Гран Торино. Иствуд изјавил дека тој имал ,,забавна и предизвикувачка улога и ексцентрична приказна”. Продуцентот Роберт Лоренц изјавил дека додека сценариото првобитно било да се снима во Минесота, тој се одлучил за Мичиген бидејќи Ковалски е пензиониран работник во фабрика за автомобили. Иствуд сакал актери со вистинско Хмонг потекло притоа директорот задолжен за улогите Елен Ченовет (Ellen Chenoweth) ги контактирал организациите со лица од Хмонг потекло и контактирал во Детроит, Фресно и Сент Пол ; во Фресно и Сент Пол постоеле двете најголеми заедници во Соединетите Американски Држави со лица од Хмонг потеклото, додека Детроит исто така има забележителен број од популацијата со Хмонг лица. (Сепак повеќе од 4000 лица со Хмонг потекло живеат во Детроит, но во источниот дел од градот, многу малку живеат во Highland Park, што се повеќе од 93 % со Африканско- американско потекло). Ченовет ги пратил Би Ванг во Сен Пол и Ени Хер во Детроит.

Локации на снимање[уреди]

Локациите, сите освен Метро Детроит (Metro Detroit), се Highland Park, Center Line, Warren, Royal Oak и Grosse Pointe Park. Куќата која всушност ја отсликувала куќата на Волт Ковалски била на Rhode Island Street на Highland Park. Куќата на бандата со лицата од Хмонг потекло била на Pilgrim Street на Highland Park. Куќата која ги отсликувала станарите односно еден од синовите на Волт е на Ballantyne Road на Grosse Pointe Shores. Католичката црква St. Ambrose која е прикажана на филмот е на Grosse Pointe Park. Продавницата за железарија на филмот, Pointe Hardware, е исто така на Grosse Pointe Park. Одделот за ветерани, VFW Post 6756, е употребен како место каде што Волт се среќава со пријателите и пие алкохол и се наоѓа на Center Line. Фризерскиот салон Widgren’s Barber Shop, е по патот 11 Mile Road, кој што се наоѓа во близина на Center Street во Royal Oak. Салонот бил отворен во 1938 година на место каде што денес постои друг бизнис, поместен на неговата сегашна локација, западно од неговата првобитна локација во 1970 година. Продуцентите на филмот го одбрале тој салон во натпревар со 60 други кандидати во Метро Детроит. Според Франк Милс, зетот на сопственикот Тед Видгрен, продуцентите го одбрале салонот заради тоа што тој внатре поседувал уникатен изглед. Иствуд го прашал Видгрен да глуми како стажант во сцената со фризерскиот салон. Во областа околу фризерскиот салон морал да биде сопрен сообраќајот на три до пет минути при тоа сообраќајот во оваа област возел забавено.


Снимање и глума[уреди]

Клинт Иствуд има големо филмско искуство за разлика од актерите со Хмонг потекло кои немаат големо искуство. Некои од актерите со Хмонг потекло немале одлично владеење на англискиот јазик. Џеф Баенен (Jeff Baenen) изјавил дека Иствуд имал ,,воздржан пристап кон режирањето". Иствуд изјавил дека ,,Би им дал мали знаци по патот во почетокот со актерството. И ќе продолжам со тој степен што не би им дал можност да размислуваат”. Би Ванг изјавил дека првенствено бил исплашен, но бил способен да се ослободи додека глумел. Баенен изјавил дека Иствуд бил ,,трпелив учител” на актерите кои за прв пат почнувале со глума. Според Ванг, Иствуд не велел ,,акција” кога и да се почнело снимање на одредена сцена. Ванг изјави дека тој го проучувал сценариото како тоа да било учебник. Според Ванг, откако била снимена првата сцена, тој не чул реплика од страна на Иствуд. Кога Ванг прашал дали е се во ред, останатите му кажале дека доколку Иствуд не дава коментар, тогаш неговата изведба била задоволителна. Ванг додал дека Иствуд охрабрувал имрпровизација меѓу актерите со Хмонг потекло. Ени Хер изјави дека и се допаднала импровизацијата меѓу актерите, дури и кога таа морала да преведува меѓу англиски и Хмонг јазиците. Кога таа беше прашана дали расните навреди од филмот ги навредиле актерите во вистинскиот живот таа изјавила дека воопшто не се почувствувала навредено. Ванг вели „Бев навредуван со толку многу погрдни имиња што не можам да ги кажам овде бидејќи се премногу вулгарни. Тоа ме вознемири многу, но на крајот од денот тоа сепак беше само сценарио." Ванг за една програма во 2011 година изјави дека Иствуд не им дозволувал на актерите со Хмонг потекло да ги менуваат своите реплики, без оглед на тоа што тој го изјави во претходни интервјуа.


Хмонг народот и културата за време на продукцијата[уреди]

Ник Шенк (Nick Schenk) изјави дека станал пријател со многу колеги од Хмонг потекло додека работел во фабрика за производство на видео ленти во Блумингтон, Минесота. Во врска со приказните на Шенк за неговите искуства со луѓето од Хмонг потекло, Лаура Јуен (Laura Yuen) од Националното радио на Минесота (Minnesota Public Radio) изјави : „Таа смисла за хумор и љубопитност го исполнуваат сценариото, иако рекламните инсерти за „Гран Торино“ го прикажуваат филмот како драма."

Иствуд посакувал актери со Хмонг потекло во актерската екипа, па затоа одговрното лице за кастинг Елен Ченовет најмила Хмонг организации и упатила повици во Детроит, Фресно и Сент Пол; Фресно и Сент Пол ги имаат двете најголеми Хмонг заедници во Соединетите Американски Држави, додека и Детроит, исто така, има значителен број на луѓе со Хмонг потекло. (Сепак, повеќето од 4,000-те луѓе со Хмонг потекло од Детроит живеат на источната страна на градот; многу малку живеат во Хајленд парк, каде што 93 проценти од заедницата се Афро-американци.)Ченовет го најми Би Ванг во Сент Пол а Анеј Хер во Детроит.

Продукциски проблеми поврзани со Хмонг културата[уреди]

Сценариото целосно е напишано на англиски јазик. Притоа актерите на Гран Торино го импровизирале јазикот Хмонг што е употребен во филмот. Луиза Шејн, авторка на ,,Хмонг актерите ја креираат историјата дел 2: Запознајте ја фамилијата во филмот Гран Торино” изјавила пред завршувањето на продукцијата дека ,,некои од изјавите на актерите на Хмонг јазикот ќе бидат доста комплицирани за да се преведат”. Сценаристот Ник Шенк внел во сценариото делови на Хмонг јазикот благодарение на Хмонг луѓето. Дијан Ханг Гарвеј служела како културен советник, давајќи совети за имињата, традициите и преводите. Ванг тврдел дека употребата на Хмонг луѓето се чини дека не е релевантна со содржината. Тој изјавил дека нема реална причина за да пишува во сценариото за Хмонг лицата и дека иако Волт Ковалски се борел во Кореја, тој сеуште бил збунет меѓу Хмонг, Корејанците и другите азијски етнички групи. Во една програма во 2011 година, Ванг изјавил дека актерите од Хмонг потеклото биле неправедно третирани за време на снимањето и дека Иствуд не им давал совети за како всушност да ги пренесат нивните ликови. Ванг истотака изјавил дека актери од белата раса направиле актерите од Хмонг потеклото да се чувствуваат игнорирани. Тој изјавил исто така дека некои важни изјави кои што Хмонг актерите го кажале на нивниот јазик не биле преведени, па така публиката ќе прифати една извртена перцепција за Хмонг лицата. Роксане Батл (Roxane Battle) за веб страната MinnPost изјавила ,,Професорката Луиза Шеин при универзитетот Рутгерс, експерт за Хмонг студии, вешто ја смирува дискусијата и ја предизвикува публиката да ги проследи младите актери какви што се односно актери во филм а не претставници на цела култура”.

Вистини и заблуди во врска со Хмонг културата[уреди]

Би Ванг, парафразиран од страна на Џеф Баенен (Jeff Baenen) во Associated Press, изјавил дека прикажувањето на филмот за Хмонг луѓето е ,,генерално веродостојно”. Според резултатот, Ванг изјави дека овој (негов) филм не е од документарен карактер. Неможеме да очекуваме 101 процент на коректност. Во текот на снимањето на филмот, актерите со Хмонг потекло посочиле кон некои работи кои според нив биле културни непрецизности кои биле прикажани во филмот. Цедрик Ли (Cedric Lee), продукциски асистент и културен советник, изјави дека ,,Некои работи биле преувеличени за драматички цели. Без разлика дали било наша работа или не, сеуште чувствувам одговорност искрено да се искажам и да кажам нешто, но во тоа време сценариото беше такво какво што беше. Ние не ја донесуваме конечната одлука. Ванг изјави додека многумина од Хмонг потеклото се противеле на некои елементи, продуцентите одбрале гледиштата на културните советници кои што ,, имале најпогодно гледиште во врска со темата на филмот и би дале кредибилитет на кој било холивудски стереотип кој требало да се пренесе во филмот”. Ванг понатаму изјавил дека ,,ова беше продукција од белата раса и нашето присуство како актери не претставува контрола на нашите гледишта. Луиза Шeјн и Ва-Мегн Тој, автори на ,,Гран Торино момчиња и мажи со пиштоли: од перспективата на Хмонг луѓето” изјавиле ,,Можеби најчестите приговори од страна на Хмонг лицата во врска со филмот се од важност на нивните културни заблуди, преувеличувања и лажни претставувања. Шејн исто така изјавила дека ,,И актерите со Хмонг потекло се бранат истотака, затоа што нивната култура била исмеана. Иако вистинскиот Хмонг шаман глуми како Хмонг шаман во филмот, Шејн вели дека ,,неговото познавање е отфрлено од сценариото и снимањето, при што ги изобличиле церемонијалните сцени со што ги направиле погрешно егзотични. Ванг изјави дека чајанките претставени во филмот не биле правилно одглумени. Иако, во филмот, Хмонг улогите се чувствуваат навредени кога Волт ја допира девојката по главата, во реалноста во Хмонг културата е во ред да се допре некоја личност по глава. Во другите делови од филмот, Хмонг шаман допира глава на бебе без никакви негативни критики. Шејн додава дека ,,Пајак” ја допира главата на Тао ,,без никаква последица”. Тао Ванг Лор и Су Лор носат Хмонг облека на погребот на Волт Ковалски. По правило лицата со Хмонг потекло не носат традиционална Хмонг облека на погреби. Бабата Лор (Grandma Lor) исплукува бетелов орев кој таа го џвакала со цел да го прикаже презирот кон Волт Ковалски. Припадниците на Хмонг културата не џвакаат бетелови ореви. Хмонг шаман ги чита личните карактеристики на Волт, кога во реалниот живот тој би комуницирал со духовниот свет. Во филмот, шаманот лично жртвува кокошка во чест на тоа што Шејн и Тој велат дека е ,,драмастична церемонијална мода” што во реалноста асистент би го направил тоа ,,површно”. Авторите велат дека церемонијата наречена ,,hu pils” која се прави во чест на бебињата има погрешен просторен изглед, дека облеката и дотерувањето на бандите Хмонг е погрешно и ,, покорното понудување пред вратите" не се точни. Додека Тао само ги мие садовите, Шејн и Тој додаваат дека тој не би го правел тоа сам бидејќи тој е во куќата со други женски членови на фамилијата. Шејн и тој исто така додаваат дека имало ,,недоследна употреба на два Хмонг дијалекти во една фамилија”. Тие исто така образлужуваат дека членови од Хмонг кланот не би покажале агресија кон член од истиот клан и дека тие не би силувале член на нивниот клан, како што бандата во филмот ја силува Су.

Премиера[уреди]

Прикажување во кино салите[уреди]

Во текот на викендот на премиерата на филмот во САД, тој имал заработка од 29.5 милиони долари, а заклучно со 1 август 2009 година тој имал вкупна заработка од 269,541,625 милиони долари од целиот свет.

Продажба во домашен формат[уреди]

Филмот излезе на 9 јуни 2009 година во Соединетите Американски Држави во DVD формат и на Blu-ray диск. Дискот содржи бонус материјали и дополнителни видео исечоци. Еден таков видео исечок и документарец во врска со корелацијата на машкоста и автомобилот. Blu-ray верзијата филмот го претставува во однос 2:40:1, како и во дигитална копија и звук на повеќе јазици. Околу 3 751 729 Двд дискови биле продадени заклучно со 1 ноември 2009 година, со што донело 56 684 999 долари во приходот. Ова не вклучува продажба од Blu-ray дискови. Прием

Критики[уреди]

По гледање на филмот, американскиот дневен весник Њујорк Тајмс (The New York Times) забележал реквијемскиот тон во филмот, опишувајќи го како ,,елегантна, моќна кола од филм направен во Америка во индустриските гробишта наречени Детроит”. Манола Даргис (Manohla Dargis) го споредувала учеството на Иствуд во филмот со филмовите ,,Dirty Harry” и ,,Man with No Name” изјавувајќи ,, ,,Dirty Harry” го гледаме повторно, на некој начин, во Гран Торино но не како лик туку како духовно присуство. Таа се навраќа на филмот, во неговите мотиви и сликовитост со висока резолуција и секако неговото присуство е најочигледно во лицето на г-дин Иствуд. Неговото лице сега е монументално, тоа е толку набрчкано што повеќе не изгледа само нагризано од времето, како што изгледа веќе со декади, туку тоа повеќе наликува на скаменето дрво. Весникот ,,Лос Анџелес Тајмс” (Los Angeles Times) истотака ја издигнале изведбата на Иствуд и кредибилноста како акционен херој на само 78 години. Кенет Туран (Kenneth Turan) изјавил за изведбата на Иствуд : ,,Тоа е филм каде што е невозможно да се замисли без таков актер во главната улога. Идејата за 78 годишен акционен херој може да звучи како контрадикторност, но Иствуд се справува со тоа, иако неговата тешкотија е вербална како и физичка. И со 78 години Иствуд може да каже ,,Бегај од мојот тревник” и да звучи застрашувачки како ,,Разубави ми го денот” и кога тој вели ,,Ќе ти ја разнесам главата и ќе спијам како бебе” тој звучи како навистина да го мисли тоа. Роџер Еберт (Roger Ebert) напишал дека филмот е ,,за задоцнетото цутење на подобрата природа на мажот. И се работи за американците од разни раси созревајќи поотворено еден со друг во еден нов век”. Санг Чи (Sang Chi) и Емили Моберг Робинзон (Emily Moberg Robinson), уредници на Voices of the Asian American and Pacific Islander Experience: Volume 1 изјавија дека медиумите ширум светот му дале на филмот ,,критичко одобрување” ,,за неговите нијанси на интерпретација на азијските американци”. Луиза Шејн и Ва-Мегн Тој, автори на ,,Гран Торино момчиња и мажи со пиштоли: од перспективата на Хмонг луѓето” изјавија дека генералниот критички одговор бил ,,насочен кон ликот на Иствуд и го доживеале филмот како визија на мултикултурна содржина и разбирање”. Сепак, сите не уживале во филмот. Марк Харис, колумнист за американскиот магазин ,,Entertainment Weekly”, го опишува филмот како "фантастичен елемент кој се обидува да биде и социјален коментар" и го осудува дека шири ,,заблуда што дури човек што е полн со предрасуди и што живее до нас има нешто да не научи сите нас за херојство и за самопожртвување” додавајќи ,,не, тој нема”. Обратно од тоа, Никол Сперлинг , исто од американскиот магазин ,,Entertainment Weekly”, го истакнува токму спротивното. Таа го нарече филмот како драма со ,, комерцијална привлечност на тематски филм" и притоа го опишува како ,,медитација на толеранцијата обвиткана во маската на еден филм кој го има вооружениот Клинт Иствуд и една кул кола”. Чи и Робинсон изјавија дека одредени членови на Азиско-американската заедница го критикуваа прикажувањето на мажите со Хмонг потекло и архетипскиот бел спасител кој преовладувал во филмот. ,, Rotten Tomatoes” изјавиле дека 80% од критиките му дале на филмот висока "Certified Fresh" позитивна оцена, врз основа на 211 оцени, со просечен резултат од 7.1/10 а оцената за филмот на самата веб страна вели: ,,Иако овој филм е само мал дел од работата на Иствуд, Гран Торино сепак е хумористична, трогателна и интересна класична алегорија”. На веб страната ,,Metacritic” која што доделува просечна оцена од вкупно 100 коментари како рецензии од традиционалните критичари, филмот се здобил со просечна оцена од 72, врз основа на 33 рецензии.

Прифаќањето на филмот од страна на Хмонг лицата[уреди]

Одлуката на Клинт Иствуд да снима со актери кои се со Хмонг потекло, вклучувајќи и аматерски актери, доживеа позитивен прием од страна на Хмонг заедниците. Tou Ger Xiong, Хмонг раскажувач и изведувач од Минеаполис – Сен Пол кој бил на аудиција за филмот вели дека го почитува филмот бидејќо продуцентите всушност правеле аудиција со Хмонг актери наместо да бараат други азијски американци да ги глумат Хмонг ликовите. Xiong исто така изјавил ,,Но најпрво да го направиме чекорот што не дели од целта. ,,Подоцна да се жалиме”. Dayane Hang Garvey, која всушност била во улога на културен советник за филмската продукција, изјавила дека филмот немал претензии да биде документарен филм за Хмонг лицата и дека позитивно нагласила, парафразирајќи ја Лаура Јуен (Laura Yuen) од Minnesota Public Radio (Националното радио во Минесота) блиската врска на здружението на Хмонг лица во Детроит. Доуа Моуа (Doua Moua), Хмонг актер во филмот, изјавил дека без покајување ја одиграл улогата (член на бандата) и како што изјавила Лаура Јуен од Националното радио во Минесота ,,бандите го вовлекле неговиот брат и му го уништиле животот додека тие заедно растеле во Сен Пол". Moua додава дека многу лица од првите генерации на Хмонг се повредени од страна на членови на банди и брзо стануваат дел од бандите заради недостиг на татково влијание. Луиза Шејн, антрополог од Универзитетот Рутгерс која е експерт за културата на Хмонг луѓето, го потврдува концептот на Хмонг луѓето постигнувајќи видливост во популарната култура на Соединетите Американски Држави, но верува дека филмот промовира старомодни стереотипи во врска со Хмонг народот. Шејн изјави дека нејзините пријателки кои се од Хмонг потекло биле ,,трогнати” од интерпретацијата на културата на Хмонг луѓето во филмот на голема заслуга од страна на Волт Ковалски. Би Ванг (Bee Vang) еден од Хмонг актерите изјавил дека бил задоволен со исходот од филмот. Шејн понатаму додава дека се чини дека филмот му дава мало значење на историјата на Хмонг луѓето и дека само два мажи од Хмонг потекло, Тао и член од бандата, му дале длабочина на филмот. Шејн изјавува ,,Чувствувам во содржината дека ликот на Иствуд е појдена од фактот што тој е вереан. Но сепак не постои можност да се презентира фактот дека и Хмонг лицата биле ветерани истотака.” Едно лице креирало блог , eastwoodmovie-hmong.com, и документирал што авторот сметал дека се културни заблуди за описот на Хмонг луѓето во филмот. Дејвид Брауер (David Brauer) од MinnPost изјави дека на некои од Хмонг лицата им се допаѓал филмот ,,Гран Торино” но многумина сметале дека филмот бил навредлив. Актерот Би Ванг изјавил ,,Хмонг луѓето во земјата беа бесни за негативните стереотипи и културните искривувања” и дека тие се соочиле со него кога тој говорел за настаните. Ванг истотака додал дека се впуштил во ,,објаснување на мојата обврска како актер додека , како Хмонг американец, не стојам зад репликите што ги изјавувам”. Брауер изјави во статија од 2011 година дека Ванг ,,не бил љубезен кон филмот на Клинт Иствуд”. Krissy Reyes-Ortiz од студентскиот весник ,,The Bottom Line” од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара изјавила, според изјавата на Ванг на една програма во 2011 година, дека ,,сепак многумина кои што го гледале филмот добиле чувство на задоВолтство и среќа гледајќи го Волт како го надминува расизмот, но не и актерите кои ги глумеле Хмонг улогите” и дека ,,тие биле навредени од знаците на расизам што биле вклучени во филмот и дека тоа го искусиле всушност на снимањето”. Некои Хмонг лица го критикувале филмот на интернет порталите. Филип В. Чунг (Phillip W. Chung) од AsianWeek изјави дека Иствуд, опишувајќи го како бел човек, бил ,,главното оружје” за филмот иако сценаристот Ник Шенк (Nick Schenk) ,,дава се од себе да ја претстави културата на Хмонг луѓето и главните нивни карактеристики со длабочина и културна чувствителност”. Чунг образложува дека ,,Гран Торино можеби е веќе видена приказна каде што ,,белец го спасува денот" но всушност Иствуд создал приказна која не е фокусирана на тоа како белиот маж го спасува малцинството (иако тоа може да се интерпретира на тој начин и сигурен сум дека некои тоа би го сфатиле така) туку напротив тоа е критично истражување на еден симболичен бренд на мажествено однесување на белиот маж во кое Иствуд имал значајна улога во нејзиното создавање”.

Награди и номинации[уреди]

Гран Торино беше признаен како еден од Десетте најдобри филмови во 2008 година од страна на Американскиот филмски институт (American Film Institute). Исто така била признаена и изведбата на Клинт Иствуд. Тој ја добил наградата за најдобар актер од National Board of Review, бил номиниран од страна на Broadcast Film Critics Association (Critics’ Choise Awards) и за најдобар актер од страна на Chicago Film Critics Association Awards. Песната од филмот ,,Гран Торино” била номинирана за Златен глобус за Најдобра оригинална песна. Музиката е на Џејми Кулум (Jamie Cullum), Кајл Иствуд (Kyle Eastwood) и Мајкл Стивенс (Michael Stevens) каде што Кулум го напишал текстот , иако Иствуд ја направил музиката и ја извел главната песна на филмот. Во категоријата за современ филм бил Гран Торино номиниран од страна на Art Directors Guild. Филмот сепак бил игнориран на осумдесет и првото доделување на наградите Оскар од страна на Академијата за филмски уметности и науки кога не бил номиниран во ниедна категорија за Оскар, што доведе до остра критика од страна на многумина дека Академијата промислено ги игнорирала од пет главни категории и филмовите ,,Revolutionary Road”(РеВолтуционерен пат), ,,The Dark Knight” (Темниот витез) и ,,Changeling”(Подметување)(кој што Иствуд исто така го режирал). Во 2010 година филмот ја добил наградата за Најдобар странски филм на Филмските награди Цезар во Франција.

Дела инспирирани од филмот[уреди]

Марк Д. Ли (Mark D. Lee) и Кедрик Н. Ли (Cedric N. Lee), двајца Хмонг филмски продуценти од Детроит, режирале документарен филм наречен ,,Гран Торино: Next Door” , на тоа како Би Ванг и Ени Хер биле избрани за да ги играат улогите и активности позади сцената со овие Хмонг актери. Беше издаден и на Blu-ray диск. Ванг глумел и на пародија на Youtube за една сцена од филмот Гран Торино наречен ,, "Thao Does Walt: Lost Scenes from Gran Torino." Пародијата која се наоѓа на веб страната ,,Youtube” е за сцена во фризерски салон и ставовите од машкоста за оригиналната сцена.