Господар на љубовта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Господар на љубовта (Der Herr der Liebe) - германски нем филм од 1919 година во режија на Фриц Ланг. Овој филм е втор филм на Фриц. Важни улоги во филмот играле Карл де Вогт и Гилда Лангер, глумци кои играле и во првиот филм на Ланг, Халбблут. Се вели дека и самиот режисер играл споредна улога во филмот. Филмот е изгубен. Сценариото во филмот е напишано од Лео Кофлер. Се смета дека е прикажуван од страна на Helios Film. Во јавноста филмот се појавил за првпат во септември 1919 година. Филмот е создаден во Вајмарска Република.