Гордана Дувњак

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гордана Дувњакмакедонска новинарка и уредник, која долги години е во новинарството.

Новинарска кариера[уреди | уреди извор]

Гордана Дувњак е истакната македонска новинарка од светот на политиката и правдата. Својата кариера, како новинар ја започнува во 1988 година во Македонската радио телевизија, каде останува две години. Во период од 1991 до 1999 година, работи во Нова Македонија. Таа долги години работела како новинарка и одреден период како уредник во весникот Утрински весник во период од 1999 до 2017 година. Во 2017 година, се вработила во порталот Макфакс. Во 2018 година е вработена во 1ТВ како новинар и одреден период како уредник на телевизијата. Од 2019 година работи во весникот Фокус.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]