Горан Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Ивановски
Роден 1983
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Балканот не е мртов
Занимање глумец

Горан Ивановски (1983, Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Горан Ивановски е роден во Скопје, а уште како дете се преселил САД, при што живее во Њујорк. Учел на колеџот за глума во Њујорк, а посетувал и колеџ за Шекспиров театар.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ивановски грал во неколку кратки филмови, имал улоги во неколку долгометражни филмови, а се појавил и во една епизода на серијата "Закон и ред". Една година поминал во Македонија како дел од тв-серијата "Збогум Румелија", која се снимала во Битола. Играл и во филмот на Александар Поповски "Збогум на 20-тиот век", а има остварено повеќе од 20 театарски улоги. За претствата "Осамениот Запад на Мартин Мекдона", во која го игра постариот брат Колман Конор, тој бил номиниран за наградата на Њујоршката фондација за иновативен театар, во категоријата "најдобра главна улога во претстава".[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ”Двајца Македонци номинирани за театарски награди во Њујорк”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]