Прејди на содржината

Глувчарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Глувчарка|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Глувчарка
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Глувчарка
Вид: Глувчарка
Научен назив
Глувчарка
(Schaeff.) P.Kumm. (1871)
Синоними
  • Agaricus terreum Schaeff. (1774)
  • Tricholoma myomyces (Pers.) J.E.Lange

Глувчарка, попозната како сив витез или валкана трихолома, е печурка со сива капа од големиот род Tricholoma. Се среќава во иглолисни шуми во Европа, а се среќава и под борови дрвја во Австралија. Се смета за дека е јадлива. Една статија од 2014 година шпекулираше дека можеби е отровна,[1] но Sitta et ал. во 2016 година во истото списание објави контра-напис кој ја демонстрира неоснованата природа на таквите шпекулации.[2]

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Печурката првично била опишана како Agaricus terreus од Јакоб Кристијан Шафер во 1762 година и како Agaricus myomyces од микологот Кристијан Хендрик Персон во 1794 година. Денешното биномно име го добила од германецот Паул Кумер во 1871 година. Општо е позната како сив витез[3] по нејзините обезбојани жабри.[4]

Речиси сите современи извори сметаат дека Глувчарката е синоним на T. terreum, но има некои исклучоци. Бон спомнува дека T. myomyces е дефиниран за низинските печурки со бели жабри и блескава капа, а Courtecuisse го одделува на истата основа. Мозер го разликува Т. myomyces врз основа на тоа дека жабрите треба да пожолтат.

Капата е 4-7 см широка и рамномерно покриена со ситни сиви лушпи. Конвексна и има широка конусна форма. Белузлавата дршка е 3-8 см висока и 1,5 см широка и нема прстен. Нема прстен или волва. Белузлавото месо е тенко, лесно се крши и има пријатен благ мирис и вкус. Широко распоредените и нерамни жабри се слободни (неприкачени на стапот). Отпечатокот на спорите е бел, овалните спори 6–7 микрометри должина од 3,5–4,4 микрометри ширина.

Може да се помеша со поголемиот (и отровен) T. pardinum има брашнаст мирис и лушпи на капата; јадливиот T. orirubens има фини темни лушпи и розови жабри.[5]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]

Глувчарката се наоѓа во Европа, каде што плодните тела се појавуваат под четинари, особено бор и смрека, од крајот на летото до доцната есен.[3] Тие исто така може да се појават во паркови во близина на овие дрвја и да растат во самовилски прстени.[4] Тие се генерално во доста густо населени групи иако не се здружени. Забележано е како растат под егзотичните плантажи на Pinus radiata во Австралија.[6][7] Глувчарката ја има и во Македонија.

Јадливост

[уреди | уреди извор]

Со благ вкус, видот порано се сметал како добар за јадење. Се гледал на пазарите во Франција, заедно со магленката и Tricholoma portentosum. Сепак, некои власти препорачуваат неискусните берачи да ги избегнуваат сите сиви трихоломи.[8] Неодамнешните хемиски тестови покажуваат дека овој вид може да содржи токсини кои можат да предизвикаат рабдомиолиза.[1] Сепак, од поновите истражувања се покажало дека само абнормална количина на печурки Tricholoma може да предизвика рабдомиолиза и нормалното консумирање на околу 200 гр. печурки е безбедно, освен ако не постои индивидуална реакција.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Список на северноамериканска <i id="mwcw">трихолома</i>
  • Список на видови <i id="mwdg">Tricholoma</i>
  1. 1,0 1,1 Heping Xia: Fatal toxins found in 'edible' wild mushrooms, in: Chemistry World, 16 June 2014
  2. Paolo Davoli, Marco Floriani, Francesca Assisi, Karl Kob, Nicola Sitta: Comment on “Chemical and Toxicological Investigations of a Previously Unknown Poisonous European Mushroom Tricholoma terreum, in: Chemistry Europe. First published: 10 March 2016, doi:10.1002/chem.201406655
  3. 3,0 3,1 Phillips, Roger (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 107. ISBN 978-0-330-44237-4. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Phillips06“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. 4,0 4,1 Lamaison, Jean-Louis; Polese, Jean-Marie (2005). The Great Encyclopedia of Mushrooms. Könemann. стр. 89. ISBN 978-3-8331-1239-3. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Lamaison05“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Haas, Hans (1969). The Young Specialist looks at Fungi. Burke. стр. 144. ISBN 978-0-222-79409-3.
  6. Grey, Ed and Pat (2006). „FNCV FUNGI GROUP FORAY: LERDEGERG RIVER WALK, JACK CANN RESERVE, BLACKWOOD, 2 July 2006“ (PDF). Royal Botanic Gardens Melbourne website- fungimap section. Royal Botanic Gardens Melbourne. Архивирано од изворникот (PDF) на August 29, 2008. Посетено на 2009-02-21.
  7. Keane, Philip J.; Kile GA; Podger FD (2000). Diseases and Pathogens of Eucalypts. Canberra: CSIRO Publishing. стр. 84. ISBN 978-0-643-06523-9.
  8. Zeitlmayr, Linus (1976). Wild Mushrooms: An Illustrated Handbook. Garden City Press, Hertfordshire. стр. 72–73. ISBN 978-0-584-10324-3.
  9. Piotr Rzymski, Piotr Klimaszyk: Is the Yellow Knight Mushroom Edible or Not? A Systematic Review and Critical Viewpoints on the Toxicity of Tricholoma equestre, Wiley online library, first published: 25 July 2018, doi:10.1111/1541-4337.12374