Гас за смеење (филм од 1914)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гас за смеење (англиски: Laughing Gas, Laffing Gas) - американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во оваа кратка комедија, Чарли Чаплин е чирак во една забна ординација, каде постојано прави разни незгоди со пациентите кои го чекаат заболекарот. Кога еден пациент не може да престане да се смее поради анестезијата, чиракот го онесвестува удирајќи го со чекан по главата. Потоа, заболекарот го испраќа да донесе лек од аптеката, но таму, чиракот се тепа со еден човек и ѝ го уништува фустанот на сопругата на заболекарот. Поради тоа, таа го повикува заболекарот итно да се врати дома, а за време на неговото отсуство, чиракот прима една убава девојка во ординацијата, каде се обидува да ја бакне, а потоа на друг пациент му ваѓа погрешен заб. Во ординацијата доаѓа човекот со кого чиракот се тепаше пред аптеката и тогаш настанува вистинска мешаница.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Laughing Gas 1914 - Charlie Chaplin - YouTube

Наводи[уреди | уреди извор]