Враќање на блудниот син (Рембрант)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Враќање на блудниот син
холандски: De terugkeer van de verloren zoon
Творец Рембрант ван Рајн
Година околу 1661-1669
Димензии 262 см × 205 см
Место Ермитаж, Санкт Петербург
Мреж. место [1]

Враќање на блудниот син (холандски: De terugkeer van de verloren zoon ) — славно ремек-дело на барокниот сликар Рембрант ван Рајн од 1642 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Оваа слика е последна во серијата верски слики и последно големо дело со ликови во природна големина. Ова е и едно од неговите најтрогателни дела кое прикажаниот миг го развлекува во вечност. Имено, наметнато е такво расположение на нежна тишина така што на гледачот му се чини дека му припаѓа на ова друштво [1]. Таа врска е можеби посилна и поинтимна отколку во кое било од неговите претходни дела. Имено, уметниците од 17 век често истражувале различни делови од животот Блудниот син, што честопати било прикажано како го троши своето наследство на пијалаци и жени. Како што тоа го сторил самиот Рембрант во Блудниот син во бордел во 1637 година, каде што самиот се претставил како блудниот син. Но, тука е прикажан моментот кога ги снемало парите и синот, осиромашен и обесчестен, се враќа дома каде нашол прегратка за добредојде. Како што е забележано во Новиот завет:

Рембрантов бакропис од 1636 година со истата тема на која влијаел Мартин ван Хемскерк со својот дрворез.[2]

Татко! Згрешив против Небото и пред тебе! Повеќе не сум достоен да ме нарекуваат твој син. ... Таткото им рече на слугите да подготват голема гозба и да го заколат гојното теле, бидејќи синот беше мртов и оживеа, тој се изгуби и се најде!

—Евангелие по Лука[3]

На Рембрантовата слика, разбирањето за кое требал цел живот за да се развие, постигнува единствен израз на тага и прошка [1].

Сликата многу се разликува од неговиот претходен бакропис од 1636 година, во кој тој ја портретирал истата тема. Повторно, блудниот син е прикажан како клечи пред нозете на неговиот татко, а главата му е потпрена на градите на старецот, но таткото сега е мирен, неговиот израз е мирен и полн со родителска љубов и прошка. Неговите раце, кои во исто време го прегрнуваат и благословуваат неговиот син, се бесконечно експресивни. Набљудувачите на сликата, нурнати во темнината десно и во позадина, не го одвлекуваат вниманието од главната тема.[4]. Се чини дека Рембрант ги одделува од таткото и синот кои ги осветлува божествената светлина на покајанието и простувањето, додека тие се во сенка на недоразбирање и осуда.

Наводи и забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Horst Woldemar Janson, Anthony F. Janson's History of art: the Western tradition, Prentice Hall PTR, 2003., str. 598. ISBN 978-0-13-182895-7
  2. John I. Durham, The Biblical Rembrandt: human painter in a landscape of faith, Mercer University Press, 2004., str. 172. ISBN 978-0-86554-886-2
  3. Евангелие по Лука (Лк 15, 21-24)
  4. Bob Hak, Rembrandt - Njegov život, delo i vreme, Mladinska knjiga, Ljubljana, 1972., str. 328.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]