Вратете се Македонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Вратете се Македонци“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:24 (Лерински славеи)
03:51 (Гоце Петрески)

Вратете се Македонцимакедонска народна песна. Песната е посветена на македонските печалбари кои во песната, Македонија ги бара да се вратат дома. Песната има печалбарски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Заминавте Македонци,
в' друга земја, непозната,
да работите.

Ах, вратете се Македонци,
за вас плаче родна мајка Македонија,
ај, вратете се Македонци,
жално плаче родна мајка Македонија.

Си оставивте мајки и сестри,
камен на срце да носат,
многу години.

Ах, вратете се Македонци,
за вас плаче родна мајка Македонија,
ај, вратете се Македонци,
жално плаче родна мајка Македонија.

Бог да молевте, солзи роневте,
гласој наши преку море
не слушнавте.

Ах, вратете се Македонци,
за вас плаче родна мајка Македонија,
ај, вратете се Македонци,
жално плаче родна мајка Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]