Вози ја мојата кола (филм од 2021)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Вози ја мојата кола“ (Лого на филмот 2021 година

„Вози ја мојата кола“ (јапонски: ドライブ・マイ・カ) — филм на режисерот Рјусуке Хамагучи од 2021 година. Хамагучи е автор и на сценариото, заедно со Такамаса Ое, а кое е засновано врз истоимениот расказ на Харуки Мураками. Главните улоги ги играат: Хидетоши Нишиџима, Токо Миура и Масаки Окада.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Познатиот театарски режисер Јусуке Кафуку (го игра Хамагучи) е оженет за убавата сценаристка Ото. Таа добива идеи за сценаријата само за време на половите односи и го изневерува со други мажи. Еднаш, тој се враќа дома и ја затекнува Ото во љубовна сцена со младиот глумец Коџи (го игра Окада), но тивко ја напушта куќата без да ги прекине љубовниците. Еден ден, кога се враќа дома, Кафуку ја затекнува сопругата во бесознание и набргу таа умира. По некое време, Кафуку е повикан во Хирошима за да ја режира претставата „Вујко Вања“. Тој е потиштен поради неодамнешната смртта на Ото, па ја прифаќа работата за да заборави на тагата. Таму, нему му доделуваат личен возач — девојката Мисаки (ја игра Миура) и постепено со неа се спријателува. И таа претрпела лична трагедија кога нејзината родна куќа била уништена поради лизгање на земјиштето при што погинала мајка ѝ. На аудицијата за претставата, Кафуку го ангажира Коџи, иако знае дека тој е поранешниот љубовник на Ото. Во текот на пробите, Коџи му признава дека бил вљубен во Ото. Меѓутоа, подоцна, Коџи е уапсен поради тоа што истепал еден човек кој потоа починал. Така, Кафуку е принуден да ја игра улогата на вујкото Вања. Мисаки го вози Кафуку до нејзиното родно место и му ја покажува разурнатата куќа. Во меѓусебниот разговор, тој се обвинува за смртта на Ото, а Мисаки му кажува дека таа не ѝ помогнала на мајка си за време на несреќата. Така, Кафуку го игра ликот на вујкото Вања при што ги изговара зборовите на Мисаки, која седи во публиката. На крајот од филмот, Мисаки го вози автомобилот на Кафуку, кој ѝ го поклонил поради проблемите со очите.

Наводи[уреди | уреди извор]