Вујко Вања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вујко Вања
корица на книгата
АвторАнтон Павлович Чехов
Изворен насловДядя Ваня – Dyadya Vanya
ЗемјаРусија
Јазикруски
Жанрдрама
Издадена
1897 г.
МедиумПечатена

Вујко Вања (руски: Дядя Ваня) — драма од рускиот драматург Антон Павлович Чехов. Објавена е во 1897 г., а две години подоцна ја имала својата премиера во московскиот театар.

Главната идеја на драмата е приказ на луѓето полни со емоционални фрустрации, или како што Чехов ги нарекува, „луѓе кои залудно го потрошиле животот“. Ликовите се несреќни, но несреќни на свој начин. Драмското дејство не е класично развиено, туку е одраз на психолошкото настроение на носечките протагонисти. Низ делото постојано провејува необјасниво чувство на меланхолија, која ја наподолнува атмосферата на безработица и безделничење.[1]

Драмско дејство[уреди | уреди извор]

Драмата е приказна за едно имашливо руско семејство, кое живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските. Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата. По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Александар Владимирович Серебрјаков - пензиониран универзитетски професор, којшто живее на имотот од неговата прва жена
  • Елена Андреевна Серебрјакова - сопруга на Серебрјаков, која има 27 години
  • Софија Александровна Серебрјакова - ќерка на професорот Серебрјаков од првиот брак. Има 20-тина години и ја сметаат за помалку наивна
  • Марија Василевна Војницкаја - мајка на Вања, вдовица на починатиот сопственик на селскиот посед
  • Иван Петрович Војницки - 47 годишен маж, вујко на Соња и главен лик во драмата
  • Михаил Лвович Астров - средовечен доктор
  • Илија Илич Телегин - крепосен селанец кој живее во куќата на семејството
  • Марина Тимофеевна - старата дадилка на Соња

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]