Википедија:Проект:На денешен ден

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оваа страница се однесува на проектот насловен како На денешен ден, а има за цел дефиниција на проектот, опис на начинот на функционирање, учесници во проектот, документација на проектот.

Во дефинирањето и реализацијата на овој проект добредојдено е учеството на сите членови на заедницата.

Историја на проектот[уреди]

Според историјата на страниците поврзани со проектот На денешен ден, може да се претпостави дека истиот започнува со шаблонско додавање на статии за денови, месеци и години, започнувајќи некаде од Јуни 2005. И тоа шаблони од следниов вид:

Шаблони за денови[уреди]

{{Патрлок}} '''5 јули''' е 186-иот ден во годината според [[Григоријански календар|григоријанскиот календар]] (187-и во [[престапна година]]). Остануваат 179 денови до крајот на годината. {{Јули {{CURRENTYEAR}}}} == Настани == * == Родени == * == Починале == * == Празници == * {{Месеци}} [[Категорија:Годишни денови|705]]

Шаблони за месеци[уреди]

'''Јули''' е седмиот [[месец]] во годината според [[Грегоријански календар| Грегоријанскиот календар]] и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 [[ден]]. {{Месеци}}

Шаблони за години[уреди]

{{21 век}} == Настани == * == Родени == * == Починале == * '''Видете исто''': * [[Категорија:21 век|02005]]

Сегашна состојба[уреди]

Во моментов од страна на википедија уредувачите се врши пополнување на вака шаблонски дефинираните статии за денови, месеци и години. Шаблоните се добро осмислени, постои навигација помеѓу деновите, месеците, годините и сл.

Но поради слабата активност на уредувачите овие статии до сега се делумно пополнети. Причината зошто уредувачите не се активни може да лежи и во непознавањето на постоењето на овие статии и како тие податоци можат да се искористат.

Предности[уреди]

  • Едноставен начин на пополнување на настаните.

Слабости[уреди]

  • Слаби можности за манипулација со податоците сместени во овие статии.

Предлог за измени[уреди]

Имајќи ги во предвид слабостите на постојниот систем и слабата пополнетост на веќе шаблноски креирани статии, се започнува овој проект кој има за цел да го стартува овој проект, да предложи измени на постоечката состојба, да ги анимира уредувачите да дадат свој допринос во пополнувањето на википедија со овој тип на содржини, да им овозможи на корисниците на изданието на википедија на македонски јазик можност за користење на овие содржини.

Паралелно со редизајнот на главната страница, кој коинцидираше со надминувањето на бројката од 10.000 статии, се воведува и автоматско генерирање на секција на главната страница со содржини од типот на денешен ден. Постоечките податоци, започнувајчи од 25/26 Јуни па до 31.Јули за секој ден се преработени и генерирани се нови подстатии за секоја статија од типот ден месец, во следниве подтипови:

  • ден месец (настани)
  • ден месец (родени)
  • ден месец (починале)
  • ден месец (празници)

Голем допринос во пополнувањето на новокреираните подстатии даде Виктор Јованоски обработувајќи го месец Јули. Misos изработи една помошна процедура/скрипта која, по неколкуте модификации направени од Брест, на потенцијалните уредувачи може да им биде од доста голема помош при уредувањето на статиите. Може слободно да се користи од сите заинтересирани. Идејата е да се внесе година и форматиран викитекст а скриптата назад враќа комплетна статија која треба само да се копира во соодветната статија на Википедија.

Главната страница автоматски ги повикуваа овие подстатии и ги прикажува за секој ден посебно.

Според првичните истражување надвор од википедија проектот, посериозна база на податоци за овој тип на содржини може да се најде на веб страницата на телевизија А1.

По слободна пороценка базата на податоци на википедија има сериозни шанси да прерасна во број еден база на податоци за овој тип на содржини на македонски јазик, како по квантитет на содржинити така и по квалитетот на содржините кој ќе го понуди.

Вметнување на илустрации[уреди]

Постоечките статии од типот ден месец се преработени така што сега само се повикуваат соодветните подстатии. Како пример за добро уредување на овие статии може да се погледне статијата 1 јули, каде од левата и десната страна има вметнато и соодветни илустрации за соодветните настани. На овој начин би се добиле квалитетни статии, за кои би постоел зголемен интерес да се прегледуваат и надополнуваат.

  • Генерално илустрациите треба да бидат поврзани со настаните кои се дефинирани за тој ден. И тоа од левата страна се започнува со илустрации кои се однесуваат на настани, па под нив следат портрети на лица кои се родени на тој датум. Од десна страна, под календарот за месецот се поместуваат портрети на лица кои починале на тој датум.
  • Изборот на илустрации / портрети се врши според начелото на важност на настанот, односно лицето.
  • Пожелно е бројот на илустрациите да соодветствува на должината на тесктот на во статијата.
  • Се препорачува сликите да бидат прикажани во рамка, а во описот на рамката да биде посочена врска кон релевантна статија за настанот односно личноста.
  • Пожелно е големината на илустрациите (ширина) доколку ги има повеќе на една страна од страницата да бидат еднаква, освен доколку не се сака да се остави некој посебен впечаток кој подобро ќе ја илустрира содржината.

Дефинирање на нови подтипови[уреди]

Покрај воспоставените подтипови: настани, родени, починале, и празници, може да се користат и други подтипови доколку за тоа се укаже потреба, при што потребно е секој нов подтип претходно да се предложи на оваа страница за проектот за да може и другите учесници во проектот да бидат запознато со новиот подтип.

Дефинирање на изводи од страници[уреди]

Бидејќи бројот на настани за еден ден може да биде голем и непогоден за објавување автоматски на главната страница, потребно е да се креира соодветна страница (извод), каде ќе се извлечат поважните настани на тој ден погодни за објавување на главната страница. Насловот на оваа страница извод би бил од типот 13 јули (главна страница).

Од причини на архивирање на објавените содржини на главната содржина, можно е изводите да се именуваат и со додавање на година за кои се однесуваат, пример 13 јули (главна страница 2007), наместо 13 јули (главна страница).

Шаблонот {{Шаблон:Главна страница / на денешен ден}}, треба да се доработи со цел да ги опфати и ваквиите случаи.

Учесници во проектот[уреди]

реден број корисник датум на пријавување
1 Brest 2007.07.05
2 Виктор Јованоски 2007.07.05
3 Misos 2007.07.08
4 Aleksandar L 2007.07.17
5 Б. Јанкулоски 2009.08.23

Учесниците можат да додадат шаблон дека се учесници во проектот.

Office-calendar.svg Овој корисник е член на ВикиПроектот На денешен ден.