Разговор за Википедија:Проект:На денешен ден

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Распоред за пополнување[уреди извор]

Сите заинтересирани за редовно пополнување на шаблоните за рубриката Денешен ден можат да се пријават овде и да го ажурираат распоредот. Пополнувањето е поделено во две фази. Првата фаза ги опфаќа работите за дефинирање на страници на денешен ден за сите денови од годината со иницијални податоци. Втората фаза ги опфаќа работите околу вметнување на нови податоци во страниците дефинирани во првата фаза, корекција на веќе внесените податоци, вметнување на илустрации и сл.

Тековен распоред за средување на статиите во прва фаза[уреди извор]

Имаме голем пропуст во целата шема. Статиите за самите денови не би требало да ги повикуваат шаблоните за главна страница, бидејќи нормално е за определен ден да има многу настани, но на главната страница треба да одат, на пр. најбитните (најинтересните) 10. Што би значело тоа: да се прави copy/paste од страницата за денот во шаблоните. Знам дека е дупла работа, но неможам да се сетам на попаметна варијанта. Исто така, треба да се договориме за лимит на настани/родени/починати кои ќе одат на главната страница, за да не расте во должина беспотребно. Мислам дека 5/4/4 е доволно. --Милош 19:16, 16 јули 2007 (UTC)

На некој начин е пропуст, ама не мора да значи. За почеток не се забележуваше бидејќи имаше релативно малку настани на нашата википедија. Логички, после извесно време бројот на настани (настани, родени, починати, празници) ќе расте така да ќе бидат премногу за автоматски да се прикажуваат на главната страница. Решение, да се направи селектирана листа на настани специјално за главната страница. Шаблонот Шаблон:Главна страница / на денешен ден да се доработи, во смисла да испитува дали постои селектирана листа на настани специјално за главната страница за конкретен датум, ако постои да го превземе него, ако не да ги земе постоечките. Ова како преодно решение додека за секој ден не се креира посебна страница која би одела на главната страница. Малку повеќе работа, ама мислам дека и другите (википедии) работат на сличен начин. Со тоа што ние отидовме малку подлабоко па во старт ги делиме настаните на: настани, родени, починале, празници. Мислам дека не правиме голема грешка, бидејќи една голема листа секако мора да постои. Од таа голема листа ќе се прават помали листи во зависност во која прилика треба да се употребат. Една подлиста за на главната страница, додека пак ако треба да се стави нешто на некој портал, пример: Република Македонија, тогаш би правеле листа со настани кои се однесуваат само за РМ, итн.--brest 19:27, 16 јули 2007 (UTC)

Еве и јас се пријавувам да ги средам деновите од 1ви до 10ти септември, само ме интересира дали вие ги правите шаблоните со скриптата на Мисос или рачно. Ако е со скриптата тогаш ок ке средам, ако не тогаш малце потешко рачно зошто има многу работа. И уште нешто: од каде ги земате податоците за деновите, од А1 или англиската википедија?--Aleksandar L 13:22, 17 јули 2007 (UTC)

Добредојде Aleksandar L во проектот. Твој избор е како ќе ги креираш шаблоните/страниците (дали со скирптата на Мисос, рачно или на некој друг начин. Важно е да се запази форматот. Можеш да користиш било кој извор на информации од каде ќе ги земеш податоците, кој е доверлив, т.е. за кој сметаш дека е точен. Може и А1, може и википедија на англиски јазик, може и википедија на било кој друг јазик. За некои денови има настани и на википедија на македонски јазик, добро би било истите да се превземат. Во главно има доста мануелна работа.--brest 14:12, 17 јули 2007 (UTC)

За 8 септември како државен празник (Ден на Независност) да направиме еден посебен шаблон само со поважни настани од Македонија за одбележување на денот. Се сложувате или да не создаваме повеќе работа?--Aleksandar L 22:09, 19 јули 2007 (UTC)

Brest, се сложуваш ли да ги земам јас деновите од 20 до 30 септември за да не ти се собира многу работа?--Aleksandar L 13:52, 9 август 2007 (UTC)

Веќе добар дел имам обработено, нема да има проблем. Предлагам да се нафатиш на период кој не е превземен од некој корисник.--brest 18:13, 9 август 2007 (UTC)

Нешто многу важно[уреди извор]

Мислам дека имаме еден доста важен недостаток - немаме стандардизација на начинот на кој треба да се уреди еден ден (некаде имаме премногу настани, некаде немаме воопшто; некаде имаме празници, некаде имаме само родени; некаде имаме врски само од името на личноста кон статијата (а се останато во реченицата што ја објаснува соодветната личност е обичен, вики-не-форматиран текст), некаде целата реченица е форматирана...). Се на се, ни треба еден стандард. Јас уште на почетокот му предложив на Брест да имаме просечно по пет факти во секоја подгрупа (без празниците, кои можат да бидат вметнати во настаните - пример, 11 септември, ден на почетокот на НОВ во Македонија. Овој ден се слави како национален празник во Република Македонија; да не бидам сфатен погрешно, празници мора да имаме, но не мора да ги прикажуваме на главна.) Уште поважно - информациите би било добро да бидат извлечени од статии кои Википедија ги поседува. Особено ми се допадна идејата на Брест, кој прави никулци за низа личности прикажани во рубриката на денешен ден, кои се важни, но за кои ние немаме соодветни статии. Како и да е, она што сакам да го кажам е дека не треба информациите да произлегуваат од некакви не толку важни настани. Советувам да не се користи само англиската Википедија, а од друга страна, максимално да се искористи рубриката на А1 на денешен ден, зашто има доста информации поврзани со македонската историја. Најголем дел од нив, не се спомнати на ниту една англиската Википедија.

На крајот само да кажам дека, со цел да се одржи некаков стандард и со цел да се избегнат доста грешки во преведувањето, јас се пријавувам за улогата редактор на сите напишани текстови. --Виктор Јованоски 12:42, 9 август 2007 (UTC)

Бројот на настани не би требало да го ограничуваме. Според мене би требало да опфатиме што е можно повеќе настани кои се со одредена тежина за да бидат вклучени во листата. Друг е проблемот со големината на текстот кој се појавува на главната страница во денови кога имаме голем број на настани. Тука треба да се ограничиме на некоја бројка. Можеби 5+5 или нешто слично. Мислам дека некаде имам пишувано на оваа тема до сега. Моето гледиште е главната страница да се гледа како главен портал кој ќе пренасочува до други соодветни портали. Е сега за секој таков портал да си има посебна листа од типот на денешен ден, дали сте знаеле, избрани статии, слики и сл. Математички кажано да постое една голема листа од типот на денешен ден од која ќе се прават изводи за соодветни листи на соодветните портали. Пример на порталот за Наука би имале листа на настани поврзани со науката. На порталот за Историја би имале листа на настани поврзани со науката... За главната страница би креирале друга листа на настани кои би имале тежина да се најдат на главната страница. Пример на главната страница податокот дека на 9 август 1969, Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански е ирелевантен, но веројатно на евентуален портал за филмска уметност би имал некоја тежина.
Изгледа доста сложено и обемно. Колку што мене ми е познато овој систем функционира на некои изданија на википедија. Мислам дека е недостаток на wiki софтверот што го нема решено генерирањето на ваков тип на статии малку подобро. Браем мене не ми е познато дека има подобро решение кое функционира. Според мене доколку настаните би се сместувале во соодветна табела би можело да се направи многу повеќе околу генерирањето на ваквии статии. Доколку има заинтересирани за оваа тема (бази на податоци, настани, родени, починати) баш би ми било драго да развиеме соодветна дискусија.--brest 18:13, 9 август 2007 (UTC)

Забелешка за начинот на уредување[уреди извор]

Јас имам забелешка на начинот на уредување на статиите за годишните денови. По средувањето на начинот на кој ги средувате, премногу е сложено да се додадат нови податоци. Имено, кога ќе се отвори за уредување статијата за конкретниот ден, внатре воопшто и нема конкретни податоци, туку податоци за шаблони. Дури и човек ако знае да прочита на која страница треба да оди за да ја внеси измената, на таа страница се соочува со нови, премногу технички бариери. На ниту една друга википедија не сум сретнал толку сложена процедура во врска со податоците со деновите од годината, вклучително ни на англиската википедија, која е технички најнапредна. Затоа предлагам да се вратите на старата, лесно оператибилна, шема. (Zdravko 13:01, 9 август 2007 (UTC))

Има прилично многу технички бариери. Ама не можам да го прифатам предлогот да се вратиме на старата шема. Новата шема мислам дека даде еден импулс за зголемена активност на википедијанците и збогатување на содржините.--brest 18:13, 9 август 2007 (UTC)

Мислам дека не бев доволно добро сфатен. Уште подобро, мислам дека лошо се искажав - не сметам дека треба да го ограничиме бројот на податоци, туку да го ограничиме бројот на податоци прикажани на главна страница, односно токму така како што рече Брест. Но ова сериозно да се направи (принцип 5+5+5), зашто инаку има многу празнини на главна.

Во врска со начинот на уредување - иако Zdravko е во право (новиот начин е навистина посложен), сепак мислам дека новата шема овозможи не само поголема активност, туку и целосно ангажирање на луѓето заинтересирани да се посветата на рубриката. Значи ако претходно корисниците (меѓу кои и јас) се задоволуваа со тоа да додадат еден податок и ништо повеќе (само за потсетување - рубриката на денешен ден и не постоеше), сега навистина брзо се оформува една доста убава рубрика која претходно доста недостасуваше.

Околу стандардизацијата - уште една забелешка: ве молам форматирајте го целиот текст. Нека не биде, на пример, Алберт Ајнштајн, германски физичар и Нобелов лауреат, туку Алберт Ајнштајн, германски физичар и Нобелов лауреат! --Виктор Јованоски 21:47, 9 август 2007 (UTC)

Јас останувам на моето првобитно мислење: прво да се пополнат статиите за деновите во „нормален“ облик, како што функционираше и порано. Потоа, од нив да се изберат кои настани ќе одат во шаблоните за Главна. Повторно волонтирам да направам скрипта што ќе парсира во двете насоки (доколку сите се согласат). --Милош 22:48, 9 август 2007 (UTC)
Сметам дека мешате две неповрзани работи: ентузијазмот поради започнувањето на овој проект, што резултира со зголемена активност околу годишните денови, и новиот начин на уредување на статиите. Може да имате ентузијазам за уредување на овие статии без разлика дали се работи за ваков или таков начин на нивно уредување.
Од друга страна, премногу обесхрабруваат сите тие технички бариери, тоа можам со сигурност да ви го потврдам. Кога сакам да додадам некој податок во некоја статија што сте ја уредиле на новиот начин, веднаш се откажувам, бидејќи е премногу сложено. А она што важи за мене, важи и за сите останати што не знаат да ја користат скриптата, што ќе рече 90% од корисниците на македонската википедија. Јас повторно ќе ви посочам на податокот дека ниту една друга википедија не го користи овој метод. И ќе ве потсетам дека еден од основните принципи на википедијата е лесниот начин на уредување на статиите за на тој начин „сите“ што имаат одредено сознание да можат да го додадат на соодветното место.
Го поддржувам предлогот на Милош. Ако идејата со новиот начин е да се уредува рубриката на денешен ден, тогаш статиите за годишните денови треба да останат „нормални“ (како и на сите википедии!), а шаблонот да се прави имајќи го предвид тој факт (Zdravko 08:02, 10 август 2007 (UTC))

Еве ја првата скрипта, за генерирање шаблони од податоците за деновите. Во горниот дел се избира што се внесува (настан/родени/починати/празници, ден и месец), а во текстот се прави copy/paste од листата за соодветни настани. Пр. :

Сега ќе ја направам и втората скрипта Готова е и втората скрипта, која ги вади податоците од шаблоните во форма погодна за страниците за денови. --Милош 09:52, 10 август 2007 (UTC)

Не гледам причина и во [[n mesec]] и во [[n mesec (настани)]] да се внесува истата содржина. Доволно е да се повикува [[n mesec (настани)]] од [[n mesec]] со помош на {{#ifexist:[[n mesec (настани)]] |'''Настани:''' {{:[[n mesec (настани)]]}}}}, односно за сите денови кои треба да се уредат. Не е пожелно да се повторуваат исти податоци на повеќе од едно место ако не се ажурираат автоматски. Кога тогаш ќе дојде до разлики кои се потешко и потешко ќе може да се ускладат. Сеуште не гледам силна причина зошто треба да престанеме да ги пополнуваме планираните статиите на веќе воспоставениот начин, кој даде видливи резултати. Се додека не се постигне согласност околу ова прашање треба да продолжиме да ги пополнуваме статиите на начин кој до скоро го применувавме.--brest 22:26, 12 август 2007 (UTC)

3 претходно наведени причини: 1) шаблоните се тешки за уредување, обичен корисник не може да се снајде во нив, генерален совет е шаблони да не се користат за содржина (тоа важи кај сите википедии); 2) Ако имам 30 настани за еден ден, на главна може да одат само 5. Што правиме со останатите?; 3) Колку што знам, користење на ifexists и слични функции е стресно за серверите и пожелно е да се избегнува каде може. Дуплирањето на содржини не е проблем, тоа го правиме и на многу други места (пр. одбрана статија). Од друга страна, колку често се менуваат податоци за настани во минатото? Ако добро ги дефинираме сите денови, доста веројатно е дека таа содржина нема да се промени прилично долго време (или ќе има минорни промени). Јас сум да се користи „вториот“ начин, т.е. дуплирање на содржините. --Милош 23:11, 12 август 2007 (UTC)
Нема коментар? --Милош 11:27, 14 август 2007 (UTC)
Мислам дека ќе биде добро да се одлучиме за еден начин зошто има некои статии форматирани на едноставен начин, а другите се составени од шаблоните па пожелно е да се согласиме сите како ќе ги форматираме статиите.--Aleksandar L 14:10, 14 август 2007 (UTC)
2) За главната страница треба да се креираат посебни шаблони, каде би се поместиле само оние настани кои имаат тежина да се најдат на главната страница.
1.1) Шаблоните се тешки ама не претешки за уредување. Доколку тоа е проблем се сложувам да се вратиме на класичниот начин на уредување на статиите. Иако мислам дека може да се оди паралелно и со двата начини на уредување. Да се работеше само за тежината на уредување досега ќе имавме комплетна база на податоци, ама немаме. Да беше претешко да се уредува по новиот начин немаше за кратко време да завршиме голема работа. Проблемот е во тоа што мора во рамките на овој проект едноставно да се засукаат ракавите и да се пополнат статиите со податоци. Доколку продолжиме неорганизирано да внесуваме податоци како што некои просечни корисници прават на лесно оператибилен начин, ќе ни треба уште многу време да ги пополниме сите 365 денови. Просечен корисник кој ќе има желба да внесе некој податок едноставно по примерот на претходно внесените податоци ќе го внесе и новиот податок без разлика дали работи на едниот или другиот начин. Само да не се работи за терање инает.
1.2) За шаблоните за главната страница најверојатно ќе мора да продолжиме со уредување на начинот кој некои не го сакаат, бидејќи е поврзано со дизајнот и архитектурата на главната страница.
3) За мене подобро серверот да доживее стрес отколку корисниците. Најверојатно податоците за минати настани не се менуваат така често ама листата на настани ќе се менува доста често. Ние не можеме добро да ги дефинираме настаните еднаш за секогаш, па доста веројатно таа содржина да не се промени прилично долго време, а секоја промена треба да ја правиме на две места. Што подразбираме под минорна промена? Промена на една цифра во годината кога се одвивал настанот? Не било 1968 туку 1986. Па ова и не е толку минорно.--brest 15:08, 14 август 2007 (UTC)
Види ги 2) и 3), контрираш. Значи сигурно ќе правиме шаблони за главната страница и нема шанси тие да се генерираат автоматски. Тогаш зошто да правиме конфузија во текстот за страниците? Шаблоните нека си стојат како сега, структурата и изгледот се супер, ама кога веќе сигурно ќе дуплираме, може самиот текст во страницата да остане нормален. Двете скрипти стојат на располагање да не се работи ништо од ново, преминот не би требало да претставува проблем. --Милош 22:36, 14 август 2007 (UTC)
Јас ова го велам од секогаш. Да појаснам. Статијата, пример 13 август, ќе биде статија каде автоматски ќе се повикуваат подстраниците: 13 август (настани), 13 август (родени), 13 август (починале), 13 август (празници) итн. Подстраниците ќе бидат со произволна должина, нема ограничување, како ќе има потреба така ќе се додаваат настани. Се до сега нема дуплирање, нели. Бидејќи сакаме на главната страница да ги издвоиме само најкруцијалните настани, креираме специјална страница/статија од типот 13 август (главна страница) и тука ги наведуваме оние настани кои сметаме дека треба да се најдат на главната страница. Сега имаме преклопување. Но оваа страница е специјална и ќе се обрне специјално внимание во смисла на релевантен и точен избор на настани. Моментално не е така, бидејќи нашите статии се релативно кратки со настани и може да ги собере на главната страница без битно да се наруши функционалноста и естетиката. Но тоа нема да биде долго време така. Затоа треба за деновите каде имаме премногу настани веќе да почнеме да креираме и специјални страници за главната страница. Јас веќе изработив шаблон кој испитува дали има специјална страница, 13 август (главна страница), ако има ја прикажува неа на главната станица, ако нема тогаш функционира како и досега (шаблонот е на мојата корисничка страница и не е ставен во функција на главната страница). Каде има дуплирање според начинот на работа кој ти го практикуваш? Бидејќи во 13 август не се повикуваш на 13 август (настани) ами правиш копија на податоците. Тука има дуплирање. Начинот на внесување на податоците за кој имаше забелешки Zdravko во нашава дискусија за дуплирање е ирелевантен. Јас предлагам да не спориме околу тоа и секој да продолжи така како што смета дека е подобро, без некој да наметнува некому решение, а времето ќе покаже кое решение ќе опстане. За читателите на википедија е ирелевантно дали ќе ги внесуваме податоците така како што сака Zdravko или како што јас ги внесувам.--brest 23:37, 14 август 2007 (UTC)
Не. Мој предлог: целата содржина се внесува во главната страница, 13 август. Од таму, се избираат настаните (родени, починати, празници) за на главна и се внесуваат во една (или повеќе) нови шаблони, може да се искористат постоечките имиња. Така функционира на секоја друга Википедија и има исто дуплирање како и со твојот предлог. Всушност, едно вклучување помалку. Мислев дека ова е проект и ќе соработуваме, а не секој да внесува како што сака. На корисниците очигледно им е битно, да не беше сите ќе пишувавме html код. --Милош 23:53, 14 август 2007 (UTC)
Твојот предлог не е добар. Нема смисла за шаблонот кој ќе оди на главната страница на википедија да се креираат повеќе подстраници од типот 13 август (настани), 13 август (родени)..., бидејќи и така таму ќе има константно десетина реда текст. Смислата на поделба на подстраници е да се растовари страницата 13 август која може да има стотици редови текст со тенденција да расте должината на листата. Второ во главната страница, која е ударна и најпосетувана, кога ќе заврши овој проект ќе има само едно вклучување на статија од типот 13 август (главна страница), наместо три/четири како сега. Овој момент мора да го усогласиме, бидејќи не може да функционираме на двата начина паралелно. Погоре зборував дека сосема е ирелевантен спорот кој го наметна Zdravko и таму може да се работи паралелно.--brest 00:13, 15 август 2007 (UTC)
Конечно, напредок! Ако проблем е растеретување на таа страница, можеме да вклучиме обична содржина, апсолутно нема потреба да се внесува цела форматирана табела. Мене не ми се допаѓа ова, листите можеби се долги, ама самата големина на страниците не е проблем. За еден шаблон на главна се согласувам. --Милош 00:20, 15 август 2007 (UTC)
Одлично, се надевам дека сфати дел од поентата и барем тука не спориме и не сме спореле никогаш до сега. Другиот дел од поентата е дека страницата може да се растовари на повеќе начини. Еден начин е да ја поделиме на повеќе подстраници (мој предлог). Друг начин е да има што помалку кодирање (твојот предлог). Јас велам дека тука може секој да си тера на свој начин а времето ќе покаже кој начин ќе преовладее, ништо суштински не се менува, ниту има суштински разлики.--brest 00:55, 15 август 2007 (UTC)

Сега дали да почнам во статиите за денови да ги ставам податоците форматирани со втората скрипта или да ги составам на стариот начин?Па мислам дека ми беше одговорено на прашањето а во врска со техничките пречки при уредувањето убаво би било да се воведат корисницте во работењето со шаблони за да може кој сака да ги ажурира податоците без тешкотии, а во краен случај може ако некој сака да промени нешто на статиите за деновите да пише на страната за разговор од соодветната статија и некој од нас ќе го промени тоа и во шаблонот. Други решенија не гледам во моментов.--Aleksandar L 18:53, 11 август 2007 (UTC)

Гледам дека приврзаниците на верзијата со шаблони уште не се убедени дека е постапено правилно со враќањето на стариот начин. Ако мојата аргументација и онаа на Милош не ги задоволи, тогаш ме интересира што мислат околу тоа што ниту една друга википедија не го користи тој начин? Зошто е тоа така? Бидејќи никому не му текнало дека е поефикасно да се уредуваат преку шаблони? И ако се до таа мера убедени во супериорноста на нивниот начин, тогаш нека им го предложат на англиската википедија за и таа да премине на тој метод.
Јас мислам (макар што поради моето техничко познавање не можам да тврдам) дека сета оваа работа со шаблоните се крие желбата преку вештачки пат да се создаде поголем број статии од она што е потребно. Наместо една статија за секој ден, имаме 3 или 4 статии за тој ден. Па ниту англиската википедија не прави така, а има далеку повече податоци од нашата во однос на датумите. Затоа, би предложил, целосно да се имплементира начинот на средување на рубриката „На денешен ден“ како што е во англиската википедија (и веројатно во другите википедии) и да се престане со гледањето на бројот на статии како вредност сама по себе (Zdravko 12:11, 14 август 2007 (UTC))
Кога уредувачите на википедија на англиски јазик почнале со уредување на овие статии сигурно погледнале како тоа го решиле уредувачите на википедија на македонски јазик. А овие пак чекале да видат како тоа ќе го решат оние на википедија на англиски јазик. Па уредувачите на википедија на англиски јазик неможејќи повеќе да чекаат што ќе направат уредувачите на википедија на македонски јазик, решиле да смислат лесно оператибилен начин на уредување и така почнале. Уредувале, уредувале и направиле прилично голема база на податоци. Повторно решиле да погледнат што направиле уредувачите на википедија на македонски јазик и виделе дека овие почнале да уредуваат како нив а подоцна и на друг начин. Другиот начин имал свои слабости и предности. На некои дури и им се допаѓал овој начин ама зарем двапати да работат иста работа и си продолжиле по старо. Само по некој од нив почнал делумно да го користи искуството на своите колеги од википедија на македонски јазик.
Сакам да кажам дека на википедија на англиски јазик работите се одвиваат толку брзо што кога ќе се почне на еден начин на работа тешко се менува тој начин. Тоа не значи дека решенијата се најдобри.
Доколку си незадоволен од начинот на уредување можеш да продолжиш да уредуваш на стариот начин. Конечно за читателите тоа е речиси ирелевантно.--brest 15:08, 14 август 2007 (UTC)
Брест, не мислам дека нивото на аргументирање ти е достојно за еден корисник на википедија, а камоли за еден администратор. Дека треба да изнајдеме решение за спорот, треба, и, второ, не смее при тоа да се прави со омаловажување на некого. Имај предвид дека јас долго време пред тебе ги уредувам статиите со датумите, така што дисквалификациите од типот „еден корисник кој не е дел од проектот“ воопшто не ти се на место. Ајде да ги разгледаме аргументите. Моите аргументи се следните:
1) Начинот што ти го поддржуваш е очигледно посложен и не е лесен за користење, односно создава технички бариери. Создавање технички бариери е токму она што не е Википедија. Не се согласуваш со овој мој „млак“ аргумент? Понуди аргументи дека спротивното е точно.
2) Никоја википедија не користи ваков начин. Која е таа голема потреба од 4 статии за еден датум, а при тоа англиската википедија (најбогатата со информации) не нашла за сходно да премине на тој начин? И, да ти одговорам на твојот „аргумент“. Еве, во англиската имало премногу чести промени. Но, што е со српската, хрватската, бугарската или која сакаш друга википедија. Зошто тие не го користат твојот метод? Или сето се сведува на пуста желба (на регуларен начин или не) да се зголеми бројот на статии во македонската википедија (а и на троите придонеси, претпоставувам).
3) Околу ентузијазмот. Зошто сметаш дека е „млак“ мојот аргумент дека вашиот ентузијазам се должи не на новиот метод, туку на самата ангажираност во овој проект? Што е тоа што го има во твојот метод што те исполнува со ентузијазам, кој тотално исчезнува ако не постои твојот метод?
4) Јас сеуште не слушнав, наспроти моите „млаки“ аргументи, кои се твоите аргументи. Зошто сметаш дека токму твоето решение е најдоброто решение? И ме интересира, настрана од сето ова, си попуштил некогаш кога спротивната страна има право? Или никогаш не отстапуваш од својата позиција? (Zdravko 00:03, 15 август 2007 (UTC))
"Аргументите" се несуштински. Никој никого не присилува на ништо.--brest 00:55, 15 август 2007 (UTC)
Брест, мора да констатирам дека стануваш безобразен. Ако моите аргументи се несуштински, тогаш на тебе е да ги побиеш. Не може да остане на „никој никого не присилува на ништо“. Мора да се постигне договор. И не сум баш сигурен дека ако се чинеше дека аргументите се на твоја страна, ти ќе тврдеше дека никој на ништо никого не присилува. Значи, ги чекам твоите аргументи, ако воопшто ги имаш, се разбира (Zdravko 08:47, 15 август 2007 (UTC))