Википедија:Натпревар за научна фотографија 2023

Од Википедија — слободната енциклопедија

Погледајте ги победничките фотографии на Натпреварот за научна фотографија 2023 во Македонија!





Македонските фотографии-победнички од Натпреварот за научна фотографија 2021

Натпреварот за научна фотографија 2023 (ННФ) ― меѓународен натпревар кој има за цел да ја поттикне јавноста да прави слики на научна тематика и да ги подигне на Ризницата, збогатувајќи ја со содржини од овој вид и приближувајќи ги луѓето до науката.

Во Македонија, натпреварот е организиран од Споделено знаење, и ова е второто издание, по тоа од 2021 година.

Приклучете ни се, и помогнете ни да ги покажеме најновите наоди од науката!

Замисла[уреди извор]

Идејата на Натпреварот за научна фотографија е да ги поттикне научниците и љубителите на науката да создаваат висококвалитетни слики и медиумска содржина и да ги прикачат на Ризницата (Wikimedia Commons). Натпреварот има за цел да ја промовира свеста за науката и истражувањето притоа градејќи обемна збирка на слободно достапни медиумски ресурси за јавноста. Тоа е одличен начин да се сподели знаењето и да се промовира соработката помеѓу научниците и пошироката јавност.

Науката има широко значење што значи дека многу науки, полиња и дисциплини можат да бидат покриени со фотографии.

Награди и правила[уреди извор]

Натпреварот се одвива на два степена: едниот е на ниво на Македонија (и секоја друга земја-учесничка), а вториот е меѓународен. Победничките дела од Македонија, како номининирани потоа ќе одат меѓународниот натпревар. Во Македонија, натпреварот е предвиден да се одвива во текот на 1 ноември-15 декември 2023 година.

Награди[уреди извор]

Наградите на ниво на Македонија се:

  • 1. место за највисоко оценета фотографија — награда од 350 евра (бруто) во денарска противвредност
  • 2. место за највисоко оценета фотографија — награда од 250 евра (бруто) во денарска противвредност
  • 3. место за највисоко оценета фотографија — награда од 100 евра (бруто) во денарска противвредност
  • 4. место за највисоко оценета фотографија — награда од 50 евра (бруто) во денарска противвредност
  • 5. место за највисоко оценета фотографија — награда од 50 евра (бруто) во денарска противвредност
  • Награда за најплодниот закачувач — награда од 200 евра (бруто) во денарска противвредност (со предуслов да има закачено барем 30 различни слики)

Правила[уреди извор]

  1. Фотографијата мора да прикажува научни постапки, работења и делувања, појави, предмети, лица поврзани со науката, животински и растителен свет итн. што ги претставуваат и се дел од природните и техничко-технолошките науки во Македонија.
  2. Подигачот мора да биде автор на сликата. Можете да учествувате само со слики што вие сте ги направиле или каде вие сте еден од авторите. Во вториот случај, ќе мора да ги наведете сите автори.
  3. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество со пополнување на Образецот за пријава на учесник.
  4. Натпреварот за научна фотографија 2023 се одржува од 1 ноември во 00:00:00 часот до 15 декември 23:59:59. Се признаваат само слики подигнати во текот на тој период.
  5. Бидејќи ова е фотографски натпревар, очекуваме сликите да бидат со добар квалитет и големина. Секоја слика треба да има барем 2 мегапиксела, а подобро е и уште повеќе. Доколку сликите се мали, тогаш едно решение би било да се претстават како колаж (пример).
  6. Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  7. Фотографиите мора да бидат подигнати на Ризницата на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да направи/поседува корисничка сметка на истата.
  8. Сликите мора да бидат подигнати под слободна лиценца, и тоа една од следниве: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0 и CC0 1.0.
  9. Насловот на сликата да е задолжително на македонски јазик и на кирилица и јасно да ја насловува смислата на фотографијата
  10. Една научна фотографија подразбира добар конкретен опис (description). Секоја слика треба да има стручен опис на македонски и англиски јазик. Треба да стои што е претставено на сликата, кога и како е направена и што е важното што треба да се запази на неа. Пример.
  11. Секоја подигната слика мора да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Science Competition 2023 in Macedonia
  12. За секоја фотографија мора да бидат ставени геокоординати од местото каде што се сликани. Некои од вашите фотографии можат самите да имаат координати и самите автоматски да се вметнат. Доколку фотографија нема такви гео податоци, ќе треба рачно да си ставите. Точноста односно валидноста на координатите ќе биде проверена од жирито.
  13. Во полето Други информации/Other information мора да биде внесено {{Натпревар за научна фотографија 2023}}.
  14. Право на учество има секој, освен членовите на жирито. Бројот на слики по учесник е неограничен.
  15. Секоја фотографија ќе биде оценувана од повеќечлено жири. Трите највисоко оценети фотографии ќе бидат наградени.
  16. Тој што ќе закачи најмногу валидни фотографии, ќе ја освои наградата за најуспешен закачувач. Бодувањето за наградата за бројност ќе се врши преку броење колку различни фотографии закачил учесникот. Се претпочита еден учесник да не има премногу исти фотографии односно кадри, бидејќи во спротивно некои фотографии би му биле поништени при броењето поради празен квантитет на фотографии.
  17. Минималниот услов за освојување награда за бројност е 30 различни фотографии. Предусловот не важи за наградите за највисоко оценети фотографии.
  18. Со цел да имаме што повеќе учесници-победници, еден учесник не може да освои повеќе од една награда за највисоко оценета фотографија. Тоа не го спречува евентуалниот освојувач на една од петте награди за квалитет, да ја освои наградата за бројност.
  19. По прогласувањето на добитниците, истите ќе мораат да ни ги предадат личните податоци со цел да можеме да им ја префрлиме паричната награда.

Забелешка: Натпреварот не е ограничен само на класични фотографии. Прифаќаме прикази направени со сметачка графика и свесни сме дека не можеме да повлечеме јасна граница помеѓу категориите.

Меѓународниот натпревар ќе можете да учествувате и со повеќе слики како предметна целина и ќе се важат како еден поднесок за било која награда. Една целина може да има најмалку 2, а највеќе 10 врзани слики.

Претпочитани формати се .jpg за слики, .ogg за видеоснимки и .png за сметачка графика.

Накусо: како учесник, ќе треба да знаете само кои слики сакате да ги поднесете и што е прикажано на нив. Едноставно појдете на страницата за подигање и проследете ги напатствијата.

Образец за подигање слики[уреди извор]

Подигнете слики

Надворешни врски[уреди извор]