Ветрогон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ветрогон
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Фамилија: Штитоцветни
Род: Ветрогон
Вид: Ветрогон
Биномен назив
Eryngium campestre
L.

Ветрогонот или валавец (поточно, полски ветрогон; науч. Eryngium campestre) е вид од родот ветрогон (Eryngium) кој се користи како лековито растение.[1] Растението трнливо повеќегодишна билка без влакна и припаѓа на фамилијата на штитоцветните растенија (Apiaceae). Листовите се крути и жилави, со белозеленикава боја. Листовите при основата се раздвоени, со долги дршки и имаат боцки. Во растението ровари галската мува Euleia heraclei.

Цветна сезона[уреди]

Растението цвета од јули до септември.

Рапространетост[уреди]

Покрај Република Македонија, Ветрогонот е распространет главно во средна и јужна Европа и на север до Германија и Холандија. Ретко се среќава на Британските Острови.

Упореба[уреди]

Во треварството се користи за лекување на голема кашлица и инфекции во мочните патишта. Во минатото корењата се кандирале како слатки или се вареле и печеле како зеленчук. Активни состојки во растението се: етерични масла, сапонини и танини.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]