Вестминстерски мост
Од Википедија, слободната енциклопедија
51°30′03″N 0°07′19″W / 51.50083°N 0.12194°W
| Westminster Bridge | |
Вестминстерскиот мост, во позадина Вестминстерската палата |
|
| Намена | Моторни возила пешаци |
|---|---|
| Премостува | Темза |
| Место | Лондон, Англија |
| Отворен | 1862 |
Вестминстерскиот мост (англиски: Westminster Bridge) е мост кој се наоѓа во Лондон, на реката Темза, спојувајќи ги Вестминстер и Лембет.
Денешниот мост бил изграден во 1862 година на местото на друг дрвен мост кој датирал од 1750 година[1]. Вестминстерскиот мост е еден од најстарите мостови во Лондон. Неговата должина изнсува 252 метри, а е широк 25,5 метри.
Во непосредна близина на мостот се наоѓа Вестминстерската палата.