Велимир Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велимир Христов
Роден Побожје, Скопје, Македонија
Починал 8 октомври, 1944 година
Горни Забел, Скопје, Македонија

Велимир Алчев Христов ( во Побожје, Скопско8 октомври 1944 во Горни Забел, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Се доселил во Cкопје, каде завршил основно училиште, а потоа се оспособил и работел како леар во скопската ложилница. Како симпатизер на народноослободителното движење уште од 1942 година активно ја помагал борбата против окупаторот. Извршувал разни задачи за ОВ.. Во почетокот на септември 1944 година, стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со чиј состав водел тешки борби против балистите и Германците на Скопска Црна Гора. На 8 октомври 1944 година, загинал во една од секојдневните борби против балистите, кај Горни Забел.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 278. На |first= му недостасува |last= (help)