Ванчо Хаџипанзов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ванчо Хаџипанзов
Роден 1925 година
Велес, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 14 ноември, 1944 година
Глумово, Скопје, Македонија

Ванчо Димков Хаџипанзов ( 1925 во Велес14 ноември 1944 во Глумово, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно работничко семејство. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа изучил занает. Работел како столар во Скопје. Како симпатизер на НОВ, активно помагал и собирал материјална помош за партизаните. На 9 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против непријателот ѝ се истакнал како храбар борец. Отпрвин бил поставен за командир на вод, а потоа за заменик политички комесар на чета. Учествувал во борбите за ослободување на главниот град на Македонија, а потоа ја продолжил борбата против непријателот, кој имал планови повторно да го нападне на Скопје. На 14 ноември 1944 година, храбро загинал во борбата против концентрирањето на балистички сили во близина на Глумово. Посмртните останки му биле закопани на заедничките партизански гробишта, кај селото Глумово.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 278. На |first= му недостасува |last= (help)