Брус (алатка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Две острила

Брус, точило[1][2] или острило[3][4]алатка за измазнување и полирање на метали и неметали, обработка на стакло, камен и сл., како и за острење на други алатки, изработени од природен или вештачки абразив.[5][6] Брусови се нарекуваат и сегментите од посложени алатки што служат за истата намена — брусни чинии, тенџериња, дискови итн. Хемискиот состав, структурата, цврстината, зрновитоста (гранулацијата), обликот и големината на брусот зависат од намената и начинот на употреба на овие алатки.[7]

Историја[уреди | уреди извор]

Таквите алатки ги користеле луѓето уште од древно време. Археолошките наоди покажуваат дека брусовите биле широко распространети низ различни култури од бронзеното време.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „точило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „точило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „острило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „острило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „брус“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „брус“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „What is a Whetstone & How is it Made?“. Chubo Knives. Посетено на 2024-04-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]