Брестовска унија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Брестовска унија — одлуката на Рутенската православна црква односно епархии во Полско-литванската Државна Заедница за да ги прекине односите со Источната православна црква и да влезе во заедница и да се става под авторитетот на римскиот папа. Епархијата на Мукачево, која се наоѓала во Кралство Унгарија, била оставена надвор од процесот.

Претходни обиди да се дојде до соединување со Католичката црква биле направени во неколку наврати, вклучувајќи го примерот во кој Митрополитот Исидор ја потпишал Фирентинската унија и технички ја обединил Рутенската православна црква.

Во 1588-1589 година цариградскиот патријарх Еремија II патувал низ Источна Европа, особено во Полско-Литванскиот Комонвелт и Големото Москвско Кнежевство, каде што, од 1458 година, ја признал Руската православна црква во Москва и го осветил патријархот Јов Московски. Патријархот Еремија II го соборил киевскиот митрополит Онисифорус Дивочка и по одобрување на кралот на Полска Сигисмунд III го поставил Михаил Рогоза како нов митрополит на Киев[1].

По заминувањето на Еремија II[1] во 1590, четири од девет епископи на Рутенската православна црква (Вилнус) се собрале во градот Брест и потпишале декларација за нивната подготвеност да прифатат сојузот со Рим[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Hudziak, B.O., Tu, O.Yu. The 1596 Brest Church Union (БЕРЕСТЕЙСЬКА ЦЕРКОВНА УНІЯ 1596). Encyclopedia of History of Ukraine.