Брегалничка мисија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Брегалничката мисија е мисионерско-просветителска мисија на Кирил и Методиј меѓу македонските Словени кои живееле по сливот на реката Брегалница. Таа мислија според некои истражувачи, ѝ претходела на Моравската мисија. За просветителската дејснот на Кирил и Методиј меѓу Јужните Словени наоѓаме податоци во Краткото житие на Кирил (Успение Кирилово), Пролошките житија на Кирил и Методиј, Солунската легенда, Второто словенско житие на Наум Охридски, староруското книжевно дело „Повест временних лет“, Моравската легенда, Чешката легенда, Дукљанскиот летопис, двете грчки житија на Климент Охридски и др. Не постојат, меѓутоа, никакви податоци за евентуалната мисија на Кирил и Методиј меѓу македонските Словени во двата најзначајни извори за животот и делото на солунските браќа - нивните пространи житија. Еден дел од истражувачите на Кирилометодиевото дело ја прифаќаат историската достоверност на Брегалничката мисија (Ј. Добровски, А.Х. Востоков, П.Ј. Шафарик, Е. Георгиев, Б. Панов и др.), додека други ја ставаат под сомнение тезата за евентуалната мисија на словенските просветители меѓу брегалничките Словени (А. Воронов, Е.Голубински, В. Јагиќ и др)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на старата македонска книжевност, Ѓорѓи Поп-Атанасов, Македонска книга, 1989, стр.24-25