Бојан Талевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бојан Талевски (1985, Скопје) — македонски виолист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бојан Талевски учел во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Јован Бицевски, а потоа се запишал на Факултетот за музичка уметност, каде студирал во класата на проф. Фросина Балова. Тој е вработен во оркестарот на Македонската опера и балет.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Талевски настапувал како солист со симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, со оркестарот на Македонската опера и балет, со Камерниот гудачки оркестар на Факултетот за музичка уметност и со оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Тој е член на „Македонскиот кларинет квинтет“ и на повеќе музички ансамбли, како и водач на групата виоли во симфонискиот оркестар на Македонското радио (Macedonian Radio Symphony Orchestra-Fames). За своите настапи (како солист и како член на камерни состави), Талевски е добитник на низа македонски и меѓународни награди.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.
  2. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.