Бокс со голи тупаници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Боксот со голи тупаници е изворниот облик на бокс, во блиско сродство со античките боречки спортови. Во овој спорт двајцата противници се пресметуваат без боксерски ракавици или било какво средство а омекнување на ударите. Разликата помеѓу уличната борба и боксот без ракавици е во тоа што тој има правила, како да речеме забрана за удирање на паднат противник, за разлика од пресметките од типот „гради в гради“.

Славниот боксер со голи тупаници Џон Саливан.

Историја[уреди]

Во англиската традиција (каде спортот е наречен bare-knuckle boxing), за прв шампион се смета Џејмс Фиг кој ја освоил титулата во 1719 г. и ја сочувал сè додека не се повлекол од боксот заради возраст во 1730.[1] Други познати шампиони биле Џек Бротон, Даниел Мендоза, Џем Белчер, Хен Парс, Џон Гали, Том Криб, Том Спринг, Џем Вард, Џејмс Берк, Вилијам 'Бендиго' Томпсон, Бен Конт, Том Сејерс и Џем Мејс.[1]

Најдолгиот меч со голи тупаници се случил во Мелбурн, Австралија, на 19 октомври, 1856. Џејмс Кели и Џек Смит боксувале цели 6 часа и 15 минути. [2]

Џем Мејс, шампион на Англија, и Џо Кобурн, поранешен американски шампион, одбоксирале меч во Њу Орлеанс во 1870 г. Овој меч бил најавуван како „меч на векот“, но борбата траела 3 часа и 48 минути и за тоа време обајцата противници не успеале да зададат ниту еден удар.[2]

Мејс го држи рекордот за најдолга боречка кариера (од било каков вид) во историјата, со 35 години стаж во рингот.[2]

Само еден боксер во историјата добил витештво. Единственото витештво е доделено на Сер Ден Донели, шампион на Ирска околу 1815 г.[2]

Познати боксери со голи тупаници[уреди]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]