Божикна приказна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Божиќна приказна
A Christmas Carol
Brown book cover bearing the words "A Christmas Carol by Charles Dickens" in gold.
Корица на првото издание (1843)
АвторЧарлс Дикенс
Изворен насловA Christmas Carol. In Prose. Being a Ghost Story of Christmas.
ИлустраторЏон Лич
ЗемјаАнглија
Објавена19 декември 1843
ИздавачЧепман & Хал
ТекстБожиќна приказна
A Christmas Carol
на Викиизвор

Божикна приказна (англиски: A Christmas Carol), познатa и како Божикна песнановела од Чарлс Дикенс, првпат објавен во Лондон во 1843 година, илустриран од Џон Лич. Книгата ја раскажува приказната за Ебенезер Скруџ, скржав старец кого го посетува духот на неговиот поранешен деловен партнер Џејкоб Марли, како и за духовите на минатите, сегашниот и Божикот што допрва доаѓа. По нивните посети, Скруџ станува пољубезен и поблаг човек.

Дикенс ја напишал Божикна приказна во текот на раздобјето кога Британците ги истражувале и преоценувале минатите божикни традиции, вклучително и песните, заедно со поновите обичаи како што се божикните честитки и елките. На него влијаеле неговите сопствени искуства од младоста и божикните приказни на други автори, вклучувајќи ги Вашингтон Ирвинг и Даглас Џеролд. Дикенс напишал три божикни приказни пред оваа новела и бил вдахновен од посетата на едно од неколкуте лондонски училишта за сиромашни деца. Однесувањето кон сиромашните и способноста на себичниот човек да се откупи себеси со тоа што ќе стане посочувствителен лик се клучните теми на приказната. Меѓу академиците се дебатира дали ова е чисто секуларна приказна или христијанска алегорија.

Објавено на 19 декември, првото издание било распродадено до Бадник; до крајот на 1844 година биле објавени тринаесет изданија. Повеќето критичари ја оцениле новелата позитивно. Приказната била нелегално копирана во јануари 1844 година; Дикенс презел правна постапка против издавачите, кои банкротирале, дополнително намалувајќи ја малата добивка на Дикенс од објавувањето. Тој напишал уште четири божикни приказни во следните години. Во 1849 година започнал јавно да ја чита оваа приказна, што се покажало толку успешно што учествувал во 127 понатамошни изведби до 1870 година, годината на неговата смрт. Божикна приказна никогаш не излегла од печатот и е преведена на неколку јазици; приказната е адаптирана неколку пати за филм, театар, опера и други медиуми.

Божикна приказна ја доловила викторијанската обнова на божикниот празници. Дикенс го признал влијанието на модерната западна прослава на Божик и подоцна инспирирал неколку аспекти на Божик, вклучувајќи семејни собири, сезонска храна и пијалаци, танцување, игри и празнична великодушност на духот.

Содржина[уреди | уреди извор]

The ghost of Marley walking towards Scrooge, who is warming himself by the fire
„Духот на Марли“, илустрација од 1843 година

Приказната е поделена во пет поглавја.

Прво поглавје[уреди | уреди извор]

Приказната започнува една мрачна, студена Бадникова вечер во Лондон, седум години по смртта на деловниот партнер на Ебенезер Скруџ, Џејкоб Марли. Скруџ, скржав старец, не го сака Божик и ја одбива поканата за вечера на неговиот внук Фред. Тој одбива двајца мажи кои бараат донација од него за да обезбеди храна и греење за сиромашните и само неволно му дозволува на неговиот превработен, недоволно платен службеник, Боб Крачит, платен слободен ден за Божик за да се усогласи со општествените обичаи.

Таа ноќ, духот на Марли, кој талка по Земјата заплеткан во тешки синџири и каси исковани за време на животот исполнет со алчност и себичност, го посетува Скруџ дома. Марли му кажува на Скруџ дека има една шанса да ја избегне истата судбина: ќе го посетат три духови и мора да ги послуша или да биде проколнат да носи свои, многу потешки синџири.

Второ поглавје[уреди | уреди извор]

Првиот дух, Духот на минатите Божици, го спроведува Скруџ низ божикните сцени од детството на Скруџ, потсетувајќи го на времето кога бил поневин. Сцените го откриваат осаменото интернатско детство на Скруџ, неговата врска со неговата сакана сестра Фан и божикната забава што ја организирал неговиот прв работодавец, господин Фезивиг, кој кон него се однесувал како со син. Запоставената свршеница на Скруџ, Бел, е прикажана како ја завршува нивната врска, сфаќајќи дека никогаш нема да може да ја сака толку колку што сака пари. Конечно, тие ја посетуваат сега веќе мажената Бел со нејзиното големо, среќно семејство на Бадник кога Марли умира. Скруџ, вознемирен откако го слушнал Бел како го опишува, бара духот да го отстрани од куќата.

Трето поглавје[уреди | уреди извор]

Вториот дух, Духот на сегашниот Божик, го носи Скруџ на пазарот каде веселите луѓе купуваат намирници за божикна вечера. Духот потоа го носи Скруџ на семејната гозба на Боб Крачит и го запознава со најмладиот син на Боб, малиот Тим, среќно момче кое е тешко болно. Духот го известува Скруџ дека малиот Тим веројатно нема да преживее доколку не се промени текот на настаните. Потоа, духот и Скруџ патуваат на божикните прослави во рударска колиба, во светилник и на брод на море. Скруџ и духот потоа ја посетуваат божикната забава на Фред. Пред да исчезне, духот му покажува на Скруџ две грозни, изнемоштени деца по име Незнаење и Желба. Тој му вели на Скруџ да внимава на нив и ја исмева грижата на Скруџ за нивната благосостојба.

Четврто поглавје[уреди | уреди извор]

Black and white drawing of Scrooge and Bob Cratchit having a drink in front of a large fire
Скруџ и Боб Крачит го слават Божик, илустрација од 1843 година

Третиот дух, Духот на Божик кој допрва ќе дојде, му го покажува на Скруџ Божик во иднината. Тивкиот дух прикажува сцени каде умрел несакан човек, на чиј погреб присуствуваат локални стопанственици само под услов да си обезбедат ручек. Неговиот чистач, перачката и месниот гробар го крадат неговиот имот за да го продадат на препродавач. Кога Скруџ го замолува духот да му покаже една личност која покажува емоции зарди неговата смрт, тој го добива само задоволството на сиромашниот пар кој се радува што неговата смрт им дава повеќе време да ги средат своите финансии. Кога Скруџ бара да ја види нежноста поврзана со чија било смрт, духот му го покажува Боб Крачит и неговото семејство како тагуваат по смртта на малиот Тим. Духот потоа му дозволува на Скруџ да види занемарен гроб, со надгробна плоча со името на Скруџ. Липајќи, Скруџ вети дека ќе си го промени животот.

Петто поглавје[уреди | уреди извор]

Скруџ се буди на божикното утро како променет човек. Дава голема донација во добротворна организација што ја одбил претходниот ден, анонимно испраќа голема мисирка во куќата на Крачит за божикната вечера и попладнето го поминува со семејството на Фред. Следниот ден, на Крачит му дава покачување на платата, а подоцна станува татковска фигура на малиот Тим. Оттогаш, Скруџ се однесува кон сите со добрина, великодушност и сочувство, отелотворувајќи го духот на Божик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]