Бледи сенки - далечни гласови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бледи сенки - далечни гласовироман на македонскиот писател Димитрие Дурацовски од 2014 година.

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во романот се забележува ненаметливото присуство на разнородни дискурси и теми, симболично важни соништа, префинети разговори за омилените филмови, изводи од личната преписка и обраќање кон реални и измислени личности од македонскиот културен живот, како и сеќавања на младешките години поминати во Скопје и на бурните настани поврзани со политичкото редефинирање на Струга. Според Елизабета Шелева, во книгата авторот го забележува, се соочува, го запаметува и го пренесува најблагородното во човекот - уметноста и убавото, со цел да сведочи за животот како тотален уметнички чин.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 21.