Благоја Ристески - Платнар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Ристески - Платнар
Роден Благоја Ристески
5 март 1949
Прилеп
Починал 20 октомври 2004
Прилеп
Занимање поет, писател, драматург, колумнист

Благоја Ристески - Платнар (Прилеп, 5 март 1949 - Прилеп, 20 октомври 2004) — македонски поет, писател, драматург и колумнист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 година. Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.

Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).

Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996). Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик. Починал во Прилеп на 20 октомври 2004 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2004-11-20. Посетено на 2010-12-25.
  2. Пурковиќ, Златка (20 октомври 2004). „Почина Благоја Ристески-Платнар“. А1. Посетено на 2010-12-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]