Биковите од Бордо (Гоја, 1825)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Биковите од Бордо (француски Les Taureaux de Bordeaux) е серија од четири литографија со сцени на борба со бикови од шпанскиот сликар Франциско Гоја, создадени во 1825 година за време на неговиот егзил во Франција.[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Поради репресиите Гоја се преселил во Франција, се населил во Бордо каде што го поминал остатокот од својот живот.

Кога Гоја пристигнал во Франција, еден пријател го опишал како „глув, стар, бавен и слаб “.

Во Бордо, Гоја ги сликал своите пријатели, правел низа акварели, минијатури на слонова коска, продолжил да ги пополнува своите книги со скици и експериментирал со литографијата. Иако Гоја првпат експериментирал со релативно новиот медиум - литографијата во 1819, тој ќе го оствари своето најголемо достигнување во медиумот во Бордо под раководство на главниот печатач, Сиприен Галон [2].

До ноември 1925 година биле отпечатени над сто литографски фолии. Серијата била наменета и за комерцијални цели, но тоа било неуспешно, делумно поради тоа што експресивната употреба на формата од Гоја била радикално различна од уредниот изглед на повеќето литографии од тоа време.

Како и со многу од неговите последни дела, Гоја тука се враќал на борбите со бикови. Тука спаѓале и неговите „Портрети на Ферера“ (шпанско семејство што живеело во Париз) и „Курсот на матадоритес“, обете создадени во Париз во 1824 година. Шарл Бодлер ја наркол серијата како „воодушевувачки графички отпечатоци, огромни слики во минијатура“[3].

Творечки одлики[уреди | уреди извор]

Циклусот „Биковите од Бордо“ е неговиот последен циклус и спаѓа меѓу последните негови дела. И покрај тоа, експериментирајќи во новиот графички медиум – литографијата, Гоја, внесува новини кои биле понапред од времето- експресивни, драматични темносиви премини, контрасти, силни импресии и еден вид експресионизам кој што за основа го зема мотивот на борбата со биковите а всушност е ликовно истражување чии естетски, идејни и творечки реализации се пораки за идното време.[4].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. / THE BULLS OF BORDEAUX
  2. Francisco de Goya
  3. „Goya's Last Works — The Bordeaux Lithographs“. Архивирано од изворникот на 2020-11-06. Посетено на 2020-11-17.
  4. La Tauromaquia: And The Bulls of Bordeaux

Литература[уреди | уреди извор]

  • José María de Cossío|COSSÍO, José María de]], El Cossío|Los toros. Tratado técnico e histórico, Espasa Calpe, Madrid, 2007. Volumen 9, «Arte I», págs. 125-131.