Бикини (костим за капење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бикини е тип на дводелен женски костим за капење. Првите вакви дводелни партали се забележани на грчките атлетичарки насликани на грнчарија која датира од 1400 година п.н.е. Модерното бикини пак го креирал инжењерот Louis Reard во Париз во 1946 година. Двете мали парчиња облека за капење ги именувал токму по полигонот за нуклеарни тестови односно Атолот Бикини бидејки мислел дека возбудата која ќе ја предизвика облеката ќе биде еднаква на експлозија на атомска бомба. Костимот на Reard е рафинирање на работата на Jacques Heim. Хеим два месеци порано го претставил Атомот кој го рекламирал како најмалиот костим за капење во светот. Во тоа време не можел да најде модел кој ќе сака да му ја носи креацијата па на крајот морал да ја најми голата танчарка Micheline Bernardini од клубот Casino de Paris.