Бел шум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бел шум — наједноставен стационарен процес. Се нарекува и потполно случаен процес.[1] Се означува со et, каде t = 1, 2, ... n. Терминот се користи во повеќе научни дисциплини, вклучувајќи ги физиката, телекомуникациите, статистички предвидувања и слично.

Карактеристики на белиот шум[уреди]

Нормален бел шум со нула средина.
  1. Е(yt) = µ
  2. var(yt) = σ2
  3. Yk = σ2 - ако к=0, 0 - во сите други случаи.[1]

Тој се состои од низа на некорелирани случајни променливи кои имаат константни средина и варијанса.[2] Ако процесот има средина еднаква на 0 (σ=0), а претходните три услови важат, тогаш се добива бел шум со нула средина. Ако се внесе и дополнителен услов случајните променливи да се и независни (не само некорелирани), тогаш процесот се нарекува стриктен бел шум. Ако се претпоставува дека случајните променливи следат нормален распоред, во овој случај некорелацијата гарантира независност и процесот е стриктен бел шум. Овој процес се нарекува нормален бел шум.[1]

На оваа слика е прикажана симулација на нормален бел шум со нула средина. Со генератор на случајни броеви, добиени се 1000 вредности на бел шум кој следи нормален распоред со средина еднаква на нула и варијанса од еден. Белиот шум нема забележлива структура.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристески Славе, Тевдовски, Драган и Марија Трпкова (2012): „Вовед во анализата на временските серии“, Скопје: Универзитет "Св. Кирил и Методиј"
  2. „Белата бучава е правото нешто за мирно и концентрирано учење и работење“ (на Македонски). IT.com.mk. 1 февруари. http://it.com.mk/belata-buchava-e-pravoto-neshto-za-mirno-i-kontsentrirano-uchen-e-i-raboten-e/. конс. 15 април 2013. 

Надворешни врски[уреди]