Бајски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бајски јазик
Baip‧ngvp‧zix, 白语 Báiyǔ
Застапен во Јинан, Кина
Говорници 1 240 000 (2003)  
Јазично семејство
синотибетско
Јазични кодови
ISO 639-3 Разни:
bca — централнобајски
bfs — јужнобајски
bfc — севернобајски

Бајскиот јазик (Baip‧ngvp‧zix; традиционално кинески: 白語, упростено кинески: 白语, пинјин: Báiyǔ) е синотибетски јазик кој се зборува во НР Кина, особено во покраината Јинан. Јазикот е мајчин јазик на Бајците, една од 56 етнички групи кои официјално се признати во НР Кина. Бајскиот јазик го зборуваат над еден милион луѓе и има три големи дијалектни групи. Јазикот е тонски со осум различни тонови и истиот има богат систем на самогласки. Карактеристично за јазикот, а и за останатите југоисточни азиски јазици, е тоа што има нормални самогласки и затегнати самогласки. Денес постои мала традиционална литература напишана со кинеско писмо, но денес бајските дела се печатат на стандардизирана латиница. Зборовниот ред во реченицата во бајскиот јазик е подмет-глагол-предмет, како што е во македонскиот.

Класификација[уреди]

Местото на бајскиот јазик во групата на синотибетски јазици е целосно неутврдено. Традиционално, бајскиот се сметал за тибетско-бурмански јазик, но со појавата на Форест во 1948 година, се поставила тезата дека јазикот е поблизок со групата на кинески јазици, одошто со групата на тибетско-бурмански јазици. Оваа теза ја потврдиле и останати лингвисти како што се Сергеј Старостин, Ван Дрием и Женгжанг. Нејаснотијата при класифицирање на јазикот потекнува од фактот што врз бејскиот јазик влијаеле и тибетско-бурманските јазици и кинеските јазици во поглед на зборови.

Користена литература[уреди]

  • Lee Yeon-ju & Sagart, L. 1998. The strata of Bai. Paper presented at the 31st ICSTLL, University of Lund, Sweden, Sep. 30 – Oct. 4, 1998.
  • Matisoff, J. A. 2001. On the genetic position of Bai within Tibeto-Burman. Paper presented at the 34th International Conference on Sino-Tibetan languages and linguistics, Yunnan minzu xueyuan.
  • Starostin, Sergej. 1995. “The historical position of Bai”. Moskovskij Lingvisticheskij Zhurnal 1:174-190. Moscow.
  • Norman, Jerry. 2003. The Chinese dialects: phonology. In Graham Thurgood and Randy J. LaPolla, eds., The Sino-Tibetan Languages. Routledge. Routledge language family series. Chapter 5, 72ff.
  • Wang, Feng. 2005. On the genetic position of the Bai language. Cahiers de Linguistique - Asie Orientale. 34(1):101–127. Paris.
  • Wang, Feng. 2006. Comparison of languages in contact: the distillation method and the case of Bai. Language and Linguistics Monograph Series B: Frontiers in Linguistics III. Taipei: Institute of Linguistics, Academia Sinica, 2006.
  • Wiersma, Grace. 1990. Investigation of the Bai (Minjia) language along historical lines. PhD dissertation, University of California at Berkeley.
  • Allen, Bryan; Zhang Xia 2004. Bai Dialect Survey. Yunnan Nationalities Publishing House. ISBN 7536729677.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]