Бараката Пет Бе

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бараката Пет Бе – (хрватски: Baraka Pet Be) – расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа, дел од збирката „Хрватскиот бог Марс“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Грофот Максимилијан Акселрод, припадник на Суверениот малтешки ред, живеел здодевен живот, жалејќи по „славното минато“ кога припадниците на редот се бореле во Ерусалим. Кога почнала Првата светска војна, него го поставиле за командант на една воена болница во која имало 1.500 ранети војници. Еден ден, во бараката Пет Бе го донеле војникот Видовиќ, тешко ранет во градниот кош, кого го сместиле на креветот број осум. Ранетите војници во бараката веднаш почнале да се обложуваат дека тој нема да преживее до утредента. Следниот ден дошло до голем пресврт на бојното поле, зашто руската армија опасно се приближила до болницата, така што голем дел од болничкиот персонал, заедно со грофот Акселрод, се повлекол. Тоа го искористиле ранетите војници, кои започнале да се пијат, да свират и да играат, а некои војници силувале две медицински сестри. Меѓутоа, набргу австриската армија направила противофанзива и грофот повторно се вратил во болницата. За да воведе дисциплина, неколку луѓе биле веднаш стрелани, а сите ранети, без исклучок, морале да учествуваат во дефилето по повод победата на бојното поле. Вечерта, слушајќи ги ранетите војници како му се болат на бога на различни јазици, Видовиќ посакал и тој да се помоли за своето здравје, но сфатил дека тој нема никаков бог. Тогаш, гледајќи како се веселат грофот, лекарите и медицинските сестри, на Видовиќ му се згадило од глетката и се обидел да фрли еден сад со нечистотија врз нив. Тогаш, од него почнало да тече поплава од крв.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miroslav Krleža, Hrvatski bog Mars. Beograd: Rad, 1963, стр. 35-50.