А бре моме, малој моме

Од Википедија — слободната енциклопедија
„А бре моме, малој моме“
Песна од Струшки Бисери
од албумот „А бре моме, малој моме“ (1979)
Јазикмакедонски
Напишана?
Објавена1979
СтудиоЈуготон
Жанрмакедонска народна музика,
староградска музика
Должина3:56
Композитор(и)непознат, современ аранжман

А бре моме, малој момемакедонска староградска песна, напишана од непознат автор најверојатно во преродбениот период. Авторот директно ја искажува својата љубов кон безимената мома, со мака, затоа што ќе мора да оди на печалба за да направат свадба. Дејствието се одвива во градската средина, забележливо во конкретниот стих „за да знае цело маало колку те сакам“. Песната е од печалбарски карактер.

Одлики[уреди | уреди извор]

Аранжманот е во карактеристичен 7/8 такт, а за прпат се наоѓа на албумот „А бре моме, малој моме“ (1979),[1][2][3][4] на Струшки Бисери.

Текст[уреди | уреди извор]

- А бре моме, малој моме,
гледај на мене, оф аман,
да ти видам бело лице, црни очи,
оти време е да бегам да далеку.

- А бре лудо, ти бре младо,
каде ќе одиш, оф аман,
кому мене ќе оставиш, млада дадена,
душманите да се ситат, јас да тагувам?

- Јас ќе одам, мило либе,
многу далеку, оф аман,
пари да спечалам, либе, свадба да правам,
тебе да те земам, душо, за невеста.

- Сега дојди, мило либе,
да те прегрнам, оф аман,
за да знае цело маало колку те сакам,
да испукаат душманите и душманките.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]