Ајкула-тигар
Ајкулата-тигар (Galeocerdo cuvier) за луѓето е вториот најопасен вид ајкула, по ајкулата-човекојадец (Големата бела ајкула). Таа е голема, има тешка глава и уста исполнета со остри заби, што имаат карактеристичен облик на кикиришка нан петел. Таа е толку опасна и затоа што ги сака крајбрежните води. Пронајдена е и во течни утоки и пристаништа, а често доаѓа во контакт со луѓе. Познато е дека јаде речиси се-освен што јаде помали ајкули, па дури и своите младенчиња, други риби, морски цицачи, желки и птици. Таа е мршојадец. Во нејзиниот желудник е пронајден секаков вид отпад. Младенчињата се раѓаат од јајца во мајчиното тело. На почетокот на животот се означени со дамки што кај младите единки се преобразуваат во „тигрести ленти“, а кај возрасните избледуваат.