Ар (Лана)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ар
Извор Таунус
Утока Лана
50° 22′ 7″ СГШ, 8° 0′ 20″ ИГД
Земји во сливот Германија
Должина 60

Ар (герм. Aar) е река во западна Германија, лева притока на Лана. Долга е 60 км и извира од венецот Таунус кај Таунусштајн. Тече во северен правец и минува низ местата Таунусштајн, Бад Швалбах, Арберген и Ханштетен, а потоа се влева во Лана кај Диц.

Име[уреди]

Името на реката е изведено од говорите на предгерманските народи на тоа подрачје, и значи „брзотечна вода“, како преносно значење за „рекичка во клисура“.[1]

Наводи[уреди]

  1. Krahe, Hans (1964). „Unsere ältesten Flussnamen“. ISBN 978-3-447-00536-4. 
  • Commons-logo.svg Ар на Ризницата ?