Арапска куќа (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон куќата

Арапска куќа (Хотел „Јадран“) — зграда во неомавритански стил во центарот на Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Првобитно, „Арапската куќа“ била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци.[1], а била изградена во периодот 1936-1938 година. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал „А.Д.“, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детаљи од слонова коска. Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии „Тулбенд“. Нејзин архитект бил рускиот емигрант Иван Артемушкин, кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската револуција.[2] По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Во 1964 година, „Арапската куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.[2]

Архитектонски одлики[уреди | уреди извор]

„Арапската куќа“ е градена во маварски стил. Поради својата архитектонска особеност, „Арапската куќа“ е прогласена за историски споменик на културата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марина Апостоловска, „Стари семејства...“, стр. 17-18.
  2. 2,0 2,1 Офелија Димковска, „Нова Година ќе дојде на Сквер Јадран“, Фокус, број 1054, 18 декември 2015, стр. 55.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]