Анус (човек)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анусот кај жената (лево) и мажот (десно).

Анус (латински: anūs, „прстен“, „круг“)[1][2] — надворешен отвор на правото црево (ректум). Анусот е составен од два сфинктера (мускули) кои го контролираат исфрлувањето на изметот од телото, што е главната функција на анусот. Двата мускули се внатрешен сфинктер на анусот и надворешен сфинктер на анусот. Мускулите се кружни го контролираат отворот на анусот. Надворешниот мускул може самоволно да се отвора, а внатрешниот не. Анусот се наоѓа позади перинеумот (меѓуножјето), односно позади вагината кај жените, или скротумот кај мажите.

Покрај својата основна функција, анусот игра своја улога при аналниот секс. Анусот често се смета за табу[3] и има повеќе вулгарни зборови за истиот.

Структура[уреди]

Анусот е крајниот дел од дигестивниот систем и е како директно продолжение на правото црево. Анусот поминува низ карличниот свод. Анусот е обиколен од мускули. Горниот и долниот дел од анусот се обиколени од внатрешни и надворешни сфинктери (мускули), два мускулни прастени кои го контролираат исфрлувањето на изметот.[4]:397 По должината анусот е опколен од набори напречени анални залистоци кои ја конвергираат пектинатната линија. Од оваа линија, слузницата од внатрешноста на анусот преминува во кожа.[4] :397

Развој[уреди]

За време на пубертетот, тестостеронот потикнува растење на телесни влакна по телото, па така пубичните влакна се појуваат околу анусот. Иако првично малку, тие целосно израснуваат кон крајот на пубертетот. Има и случаево кога има слабо растење на пубични влакна.

Патологија[уреди]

Дијаграми[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Martim de Albuquerque (1873). „Notes and Queries“. Original from the University of Michigan: Oxford University Press. стр. 119. http://books.google.com/?id=FEn-C_BzRdMC&pg=PA119&dq=latin+butthole+ring. 
  2. Edward O'Reilly, John O'Donovan (1864). „An Irish-English Dictionary“. Original from Oxford University: J. Duffy. стр. 7. http://books.google.com/?id=dX8NAAAAQAAJ&pg=PA7&dq=latin+butthole+ring. 
  3. „Anal Sex, defined“. Discovery.com. архивирано од оригиналот на 13 јуни 2002. http://web.archive.org/web/20020613200634/http://health.discovery.com/centers/sex/sexpedia/analsex.html. конс. 23 јули 2013. 
  4. 4,0 4,1 Drake, Richard L.; Vogl, Wayne; Tibbitts, Adam W.M. Mitchell (2005). „Gray's anatomy for students“. illustrations by Richard; Richardson, Paul. Philadelphia: Elsevier/Churchill Livingstone. ISBN 978-0-8089-2306-0.