Антихрист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антихрист
Antichrist-from-Osogovo-Monastery.jpg
Антихрист, фреска од Осоговскиот Манастир, Република Македонија.

Антихрист е христијански концепт, отелотворение на злото, врз основа на толкувања на делови од Новиот Завет. Во Новиот Завет, терминот антихрист се споменува вкупно пет пати, еднаш во множина и четири пати во еднина.

Според традиционалното христијанско верување, во неговото второ доаѓање на земјата, Исус ќе се соочи со Антихристот. Како што Исус Христос е спасител и идеален модел за љубовта кон човештвото, така Антихристот е претставник на злото и негов антипод.