Аника Далстрем

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аника Далстрем (родена 1941 година) — шведски лекар и професор Емерита по хистологија и невронаука на Одделот за медицинска хемија и биологија на клетките на универзитетот Гетеборг .

Истражувањето на Далстрем се фокусира на тоа како нервните клетки складираат и пренесуваат сигнали, но таа исто така таа има објавено истражувања за многу други области од хистологијата и невронауката. Далструм има објавено над 340 научни трудови. Докторирала на 25 години како најмлад шведски лекар кој се стекнал со докторат. Таа била професор по хистологија и невронаука на универзитетот Гетеборг од 1983 година до пензионирањето во 2008 година.[1]

Далстрем учествувала во дебатата за односот помеѓу полот и функцијата на мозокот .[2][3][4] Во 2007 година, таа ја објавила книгата Könet sitter i hjärnan (Полот е во мозокот), деко кое таа го опишала како концентрат на последните 15 години меѓународно истражување на мозокот и како мозокот влијае на однесувањето на човекот.[5] Оваа книга, претежно повикувајќи се на студии извршени пред 1990 година, била јавно критикувана за неточности.[6]

Нејзиниот најцитиран научен труд, „Доказ за постоење на неврони што содржат моноамин во централниот нервен систем“, бил цитиран над 5.500 пати заклучно со 2013 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-01-06. Посетено на 2012-10-06.
  2. Danielsson, Anna.
  3. Nordlund, Susanne.
  4. Abrahamsson, Maria.
  5. Dahlström, Annica.
  6. Chrapowska, A., Kleberg, J. L., Melchior, L., Wold, A. "Påhittade fakta om könsbiologi utgör missbruk av forskarroll".
  7. Google Scholar: Annica Dahlström