Англиски деклинации

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серијал Англиска граматика

Англиска граматика

Во англискиот јазик некогаш постоел опширен систем на деклинации сличен на денешниот германски или исландски. Староанглискиот разликувал 5 падежа: номинатив, акузатив, датив, генитив и инструментал. Деклинирањето почнало да исчезнува за време на средноанглискиот јазик кога акузативните и дативните заменки се стопиле во една единствена објективна заменка. Во современиот англиски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот систем кај заменките.

"Who" и "whom", "he" и "him", "she" и "her", и др. се остатоци од стариот номинатив наспроти акузатив, како и од номинативот наспроти дативот. Со други зборови, "her" (на пример) е и дативна и акузативна верзија на номинативната заменка "she". Во староанглискиот јазик секоја од овие имале посебен облик.

Претопувањето на заменките со засебни падежи во еден ист збор е причината што граматичарите сметаат дека дативот и акузативот во англискиот јазик се изумрени — ни двата не се идеални поими за улогата која ја игра зборот "whom". Наместо ова често се користи изразот објектив; т.е. "whom" е генеричка објективна заменка која укажува на директен или индиректен предмет. Номинативот "who", едноставно се нарекува субјектив. Смислата која порано засебните падежи ја пренесувале, денес се пренесува со употребата на предлози и збороред.

Современиот англиски морфолошки разликува само еден падеж - посесив — за кои некои лингвисти велат дека воопшто не е ни падеж, туку клитика. Со само малку заменски исклучоци, објективот и субјективот секогаш имаат иста форма.

Еволуција на англиската деклинација[уреди]

Прашални заменки[уреди]

Стари машки/женски до современите лица[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив hwā who who
Акузатив hwone / hwæne whom who / whom1
Датив hwām / hwǣm
Инструментал hwȳ / hwon
Генитив hwæs whos whose

1 - Највоопштено: "whom" се користи во "формални" пригоди и во пишување, додека "who" е колоквијално или "неформално". Се разбира, мораме да ги земеме в предвид и дијалектичките варијации.

Стар среден род до денешното[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив hwæt what what
Акузатив hwæt what / whom
Датив hwām / hwǣm
Инструментал hwī
Генитив hwæs whos whose1

1 - Обично заменето со of which, освен каде што е несоодветно

Лични заменки од прво лице[уреди]

Еднина[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив I / ich I
Акузатив mē / meċ me me
Датив
Генитив mīn min / mi my, mine

Множина[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив we we
Акузатив ūs / ūsiċ us us
Датив ūs
Генитив ūser / ūre ure / our our, ours

Лични заменки во второ лице[уреди]

Заб.: þ е староанглиска буква, која грубо соодветствува на th.

Стара и средноанглиска еднина до современо англиски архаично неформално[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Раносовремен англиски
Номинатив þū þu / thou thou (you)
Акузатив þē / þeċ þé / thee thee (you)
Датив þē
Генитив þīn þi / þīn / þīne / thy /thin / thine thy, thine (your)

Стара и средноанглиска множина, преку архаичното формално, со современото генерално[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив ġē ye / ȝe / you you
Акузатив ēow / ēowiċ you, ya
Датив ēow
Генитив ēower your your, yours

You во номинатив се користел во средноанглискиот само како формална, но не и како множинска заменка. Така, имало разлика помеѓу You are (формална еднина) и Ye are (неформална множина).

Запазете дека разликувањето на ye и you сѐ уште постоело, барем изборно, во раносовремениот англиски: "Ye shall know the truth and the truth shall make you free" од Крал Џемјсовата Библија.

Формални и неформални форми на второ лице еднина и множина[уреди]
Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Еднина Множина Еднина Множина Еднина Множина
Падеж Форм. Неформ. Форм. Неформ. Форм. Неформ. Форм. Неформ. Форм. Неформ. Форм. Неформ.
Номинатив þū ġē you thou you ye you
Акузатив þē / þeċ ēow / ēowiċ thee you
Датив þē ēow
Генитив þīn ēower your, yours thy, thine your, yours

Лични заменки од трето лице[уреди]

Женски еднина[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив hēo heo / sche / ho / he / ȝho she
Акузатив hīe hire / hure / her / heore her
Датив hire
Генитив hire hir / hire / heore / her / here her, hers

Машки род еднина[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив he he
Акузатив hine him him
Датив him
Генитив his his his

Среден род еднина[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив hit hit / it it
Акузатив hit hit / it / him
Датив him
Генитив his his / its its

Множина[уреди]

Падеж Староанглиски Средноанглиски Современ англиски
Номинатив hīe he / hi / ho / hie / þai / þei they
Акузатив hīe hem / ham / heom / þaim / þem / þam them
Датив him
Генитив hiro here / heore / hore / þair / þar their, theirs

Надворешни врски[уреди]