Анатомија на растенијата
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Анатомијата на растенијата е субдисциплина на анатомијата и ботаниката. Нејзин предмет на проучување е градбата на внатрешноста на растенијата - нивните ткива, од кои се составени растителните вегетативни и генеративни органи.
Диференцирањето на анатомијата на растенијата од морфологијата како самостојна наука започнува во 19 век. И морфологијата и анатомијата се развиваат во почетокот како описни (дескриптивни) науки. Со откривањето на микроскопот во 1665 година од Роберт Хук, се создаваат можности за развој на анатомијата на растенијата.
За основоположници на растителната анатомија се сметаат Марчело Малпиги и Н. Грју, кои резултатите од микроскопските проучувања за растенијата ги објавуваат во Anatomie plantarum (на Малпиги) и Anatomy of plants (на Грју).