Аква ди Парма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аква ди Парма
ВидПодружница
ДејностМода
Основано1916
Седиште,
Италија
Производимириси, свеќи, бањарки, кожни додатоци
Матично претпријатие
LVMH
Мреж. местоacquadiparma.com

Аква ди Парма е италијанска компанија која произведува мириси, свеќи, бањарки и кожни додатоци. Сите нејзини асортимани се ексклузивно произведени во Италија и дистрибуирани во 43 земји.

Историја[уреди | уреди извор]

Оригиналниот парфем на компанијата, Колонија, бил создаден во 1916 година во мала фабрика за парфеми во центарот на историскиот стар град на Парма, по кој компанијата го добила името.

Во тоа време, поголемиот дел од комерцијалните парфеми биле многу посилни и потешки во составот; така што невообичаено лесниот и освежителен мирис од Парма наишол на голем успех во Европа.

Во 1930-тите, зголемената популарност на колонската вода довела до зголемување на производството и развој на неговата дистрибуција. Триесеттите и педесеттите години се опишани како „златно доба“ за Аква ди Парма Колонија, која станала многу успешна меѓу членовите на високото општество, со славна клиентела.

Со текот на годините, брендот ја проширил својата палета на производи, воведувајќи домашна колекција која вклучува бањарки и крпи и кожни производи.

Во 1993 година, брендот бил оживеан од претприемачите Лука ди Монтеѕемоло (поранешен претседател на Ферари), Диего Дела Вале (претседател и извршен директор на Тодс, (компанија за производство на чевли и кожа)) и Паоло Боргоманеро (главен акционер на продавачот на долна облека Ла Перла).

Во 1998 година Аква ди Парма го отворил својот прв бутик на миланската Виа дел Гесу, по што следеле бутици во Париз во 2012 година, Рим во 2014 година и центарот на Мајами.

Компанијата била купена од мултинационалниот LVMH во 2001 година,[1] и сега е со седиште во Милано.

Во мај 2008 година компанијата влегла на пазарот на луксузни спа со Блу Медитеранео Спа во Порто Черво (Сардинија). Во 2013 година компанијата го отворила својот втор спа центар во палатата Грити во Венеција.

Во 2013 година, компанијата ја лансирала Ла Нобилта дел Фаре („Благородништвото на работата“), книга која се фокусира на приказните за извонредноста на италијанската уметност и занаетчиство, со фотографија од Џовани Гастел.

Етихад ервејс има договор за снабдување со ексклузивни кожни пакувања кои содржат примероци од препознатливиот мирис и крем за раце во нивниот деловен, прва класа и врвен Резиденс апартман.

Лого на компанијата[уреди | уреди извор]

Логото на компанијата е грбот на Мари Луиз, војвотката од Парма, која владеела од 1816-1847 година.[2] Ова било во знак на почит на нејзиното владеење и на помошта што ја пружила за развој на индустријата за парфеми и стакло во Парма.[3]

Пакување[уреди | уреди извор]

Компанијата ги продолжила цилиндричните шишиња, заоблените кутии и светло жолтото пакување на оригиналниот производ. Вклучувала сина варијанта која требала да ја „евоцира енергијата, сонцето и боите на италијанскиот Медитеран“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Acqua di Parma S.r.l. Company Overview on Bloomberg BusinessWeek
  2. „Coat of arms of the Duchy of Parma under Maria Luigia of Austria“ (SVG). Commons.wikipedia.org. Посетено на September 4, 2019.
  3. „Tradizione Italiana - Acqua di Parma“. Архивирано од изворникот на 2016-05-31. Посетено на 2016-07-01.
  4. Coirier, Lise (1 Jan 2016). „Acqua di Parma: A Century of Nobility“. TLmagazine. Архивирано од изворникот на 21 March 2021. Посетено на 21 March 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]