Адресни класи

Од Википедија — слободната енциклопедија

5 класи на IP-адреси (classful IP addresses):

Класа А: 7-бити мрежа/24 бити хост - 0xx 0-126
Loopback локална IP-адреса на машината) - 127
Класа B: 14-бити мрежа/16-бити хост - 10x 128-191
Класа C: 21-бити мрежа/8-бити хост - 110x 192-223
Класа D: мултикаст - 1110x 224-239
Класа E: експериментална - 1111x 240-254
Broadcast (дифузна) - 255.255.255.255

Постојат повеќе дефинирани формати на IP-адреси. IP-адресата од класа А дозволува постоење на 126 различни мрежи со 16 милиони домаќини; класата B опфаќа 16382 мрежи со 65534 домаќини; класата C опфаќа 2 милиони мрежи со по 254 домаќини.

Класата А има голем капацитет за адресирање на корисници во рамки на една подмрежа и како таква е правилен избор за адресирање на мрежи со многу голем број на корисници, односно на големи мрежи. За разлика од оваа класа, класата C има многу помал капацитет за адресирање на мрежни елементи и како таква е погодна за адресирање на мрежи не поголеми од 255 мрежни елементи (корисници). Спротивно на овие констатации е фактот што за адресирање на можните мрежи, односно за дефинирање на мрежниот број кај класа А се одвоени само 7 бита, а за класа C дури 21 бит, што директно влијае на можниот број на подмрежи дефинирани во Интернет адресниот простор.

Класата D е наменета за мултикаст адреси. Покрај единствената IP-адреса, некој хост може да располага и со една или повеќе мултикаст адреси од класата D. Притоа една мултикаст адреса се доделува на различни домаќини. Секој датаграм што содржи некоја мултикаст дестинациона адреса, истовремено се испорачува до сите домаќини на кои им е доделена таа мултикаст адреса.

Адресите од класа Е се резервирани за идна употреба.