Љупчо Ѓоргиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љупчо Ѓоргиевски (1956, Битола, Народна Република Македонија, ФНРЈ) — македонски театарски режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Љупчо Ѓоргиевски е роден во 1956 година, во Битола. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и на Факултетот за драмски уметности на отсекот по театарска режија. Во 1990 година се вработил во Народниот театар во Битола како режисер-драматург, а од 2002 до 2006 година бил директор на театарот.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Ѓоргиевски има режирано над 70 претстави во сите македонски театри, како во Бугарија, во Русија (Санкт Петербург и Казањ), во Турција, во Романија, во Косово итн. Тој режирал дела од класичната драмска уметност, но и современи дела, како: „Цар Едип“, „Медеја“, „Ромео и Јулија“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Столови“ итн. Исто така, голем успех остварил со поставките на делата од македонската битова драма: „Бегалка“, „Македонска крвава свадба“ и „Парите се отепувачка“. Неговите претстави учестувале на сиет театарски фестивали во Македонија, но и на повеќе фестивали во странство. Покрај тоа, со своите претстави тој гостувал на театарските сцени во САД, во Канада, во Австралија и во неколку европски земји. За својата работа, тој е добитник на повеќе награди, како: наградата на градот Битола „4 Ноември“, гран-при во Москва, три награди на Фестивалот на античка драма - Стоби и повеќе награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ (шест награди за најдобра режија, две награди за драматизација и четири награди за најдобра претстава).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Крик за љубов“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival.
  2. „Крик за љубов“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival.