Јован Атанасов Прилепчанин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован Атанасов Будимов (Прилеп, 1846 - Прилеп, 1908, познат како Јован Атанасов Прилепчанин, Јован Прилепчанин или Јован Зограф е македонски зограф од XIX век. Честопати е именуван како „последниот прилепски иконописец“.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јован Прилепчанин го учел занаетот кај Адамче Најдов. Со него работел цели 17 години, прво како ученик, а потоа како ортак. Врз неговата работа влијаеле дебарските мајстори. Прилепчанин оставил доста икони во Прилеп и во прилепскиот крај и пошироко (Мало Рувци и Дупјачани во Прилепско, Агларци и Дедебалци во Битолско, како и за манастирот во Согле, Велешко). Со својата техника доста влијаел врз работата на прилепските иконописци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јован Атанасов Прилепчанин“. БЛАГОВЕСТИ (англиски). 2021-04-01. Посетено на 2021-05-06.
  2. НМ (2018-04-10). „Јован Атанасов Будимовски - последниот прилепски иконописец“. Нова Македонија. Посетено на 2021-05-06.