Јаг (ТВ серија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
JAG
JAG logo.gif
The Promotional Logo used during Season 10
Формат Авантура, легална драма, трилер
Создадена од Доналд П. Белисарио
Настапуваат Дејвид Џејмс Елиот
Кетрин Бел
Патрик Лабиорто
Џон M. Џексон
Скот Лоренс
Трејси Нидам
Зои МекЛинан
Композитор на насловна тема Брус Бротн
Најавна песна "Theme from JAG"[1]
Композитор(и) Брус Бротн
(Pilot movie and theme)
Велтон Реј Бунч
Стивен Брамсон
Земја на потекло САД
Јазик англиски
Број на сезони 10
Број на епизоди 227 (Листа на епизоди)
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Доналд П. Белисарио
Флојд Џонсон
(co-executive; seasons 2-10)
Продуцент(и) Хауард Казанџан (season 1)
Дејвид Белисарио
Стефан Зито
Ед Цукерман
Чип Вуселич
(season 10)
Локаци(ја/и) Big Bear Lake, CA
El Mirage Dry Lake, CA
Valencia, CA (studio set)
Кинематографија Хуго Кортина (1995–2001)
Дејвид Џ.Милер (2004)
Лери Линдзи (1995–1996)
Времетраење 42–47 минути
Продукцис(ка/ки) компани(ја/и) Продукција Белисариус
Парамаунт Нетворк Телевизија
NBC Продукција (1995–1996)
Дистрибутер CBS Television Distribution
Емитување
Канал на емитување NBC (1995–1996)
CBS (1997–2005)
Формат на слика 480i (SDTV)
1080i (HDTV)
Емитување септември 23 1995 (1995-09-23) – април 29, 2005 (2005-04-29)
Хронологија
Поврзани серии NCIS
NCIS: Los Angeles
Официјална Веб-страница

ЈАГ (Американската воена кратенка за Judge Advocate General - Воен истражен судија) е серија, жанр авантура/драма, под продукција на Белисариус Продукција, во соработка со Парамаунт Телевизија (сега CBS телевизиско студио) и NBC Продукција, само за првата сезона. Во почетокот смислена како комбинација на Топ Ган со Неколку добри луѓе, ЈАГ на почетокот беше емитувана на NBC на 23-ти септември, 1995, но емитувањето беше прекинато на 22-ри Мај, 1996 затоа што на листата на гледаност беше 79-та, со една епизода неемитувана. Конкурентската телевизија CBS ја презема серијата за замена во средина од сезоната, и започна на 3-ти јануари, 1997. Одлуката на CBS да ја емитува серијата резултираше со профит, како што се покажа со емитувањето на деветте последователни сезони и беше како отскочна даска за сериите NCIS и NCIS: Лос Анџелес. За 10 сезони беа емитувани вкупно 227 епизоди и серијата е изгледана во преку 100 земји.

Настапуваат[уреди]

Дејвид Џејмс Елиот ја игра улогата на поручник/потполковник/полковник/капетан Хармон „Харм“ Раб Јуниор, воен адвокат.

Андреа Паркер ја игра улогата на поручник/полковник Кетлин Пајк, која ја напушти серијата после првите две епизоди каде беше партнер на поручник Раб, но потоа се врати како гостин во серијата дури три пати (два ати во првата и еднаш во шестата сезона).

Трејси Нидам ја игра улогата на поручник Мег Остин, партнер на Раб во остатокот од првата сезона и во архивски снимки во сезона три и сезона девет.

Кетрин Бел ја игра улогата на мајор/потполковник Сара Мекензи, партнерот на Раб до крајот на серијата.

Џон М. Џексон ја игра улогата на контраадмирал А.Џ. Чегвиден, воен истражен судија во морнарицата на САД, кој дојде како замена во средината на првата сезона и остана до крајот на деветтата сезона. Тој е поранешна ФОКА и командант на бомбардер пред да стане воен судија.

Други членови на екипата се потполковник Бад Робертс (кој го игра Патрик Лабиорто), прво офицер за јавни односи на носачот на авиони USS Сихок (CVN-65) потоа префрлен во ЈАГ и учи право во ноќно училиште а откако го положи тестот стана помлад воен истражен адвокат во ЈАГ. Додека е на задача на Сихок, ја запознава идната жена поручник Хариет Симс (Кери Тарнер), која потоа доаѓа во канцеларијата на ЈАГ како административна помош. Неспретноста на Бад, психичка и вербална и неговите штреберски интереси (фасциниран е од паранормалното и е експерт за комјутери) заедно со мајчинскиот инстинкт на неговата жена се постојан извор за комични сцени. Нивото на неговата неспретност се намалува во продолжение на серијата. Бад ја губи дената потколеница во Авганистан во последната епизода од седмата сезона, при херојски обид да спаси мало дете кое се игра на минско поле. Подоцна е награден за своето дело и се враќа на активна должност со протеза на ногата. А.Џ. Чегвиден води жестока борба со Бирото за персонал и Секретарот на морнарицата за задржување на Бад на активна должност откако Буперс сака да го отпушти од должност поради губење на нговата нога, во што и успева. Ненси Чемберс, сопруга на Дејвид Џејмс Елиот во приватниот живот, ја игра поручник Лорен Сингер. Сингер е опседната со тоа да напредува во кариерата, но по цена на тие околу неа. Често пати се судираше со останатите карактери во серијата. Во седмата сезона во епизодата „Вина“ Сингер ја повреди Хариет со тоа што ја искористи смртта на нејзиното бебе Сара за да го дискредтира нејзиното сведочење на суд. Во подоцнежна епизода Хариет и се одмаздува со тупаница. Сингер е убиена и Харм е осомничен за нејзино убиство, кое на крај се расчистува (овие две епизоди беа искористени за )

Продукција[уреди]

Бродови Скоро сите епизоди во серијата вклучуваат сцени снимени на бродови кои навистина припаѓаат на воената морнарица на Соединетите Американски Држави. Брод кој најчесто беше користен е USS Форестал (CV-59) како носач за вежби во тоа време. Повеќето носачи од Нимиц класата исто така се појавуваат во неколку епизоди. USS Саратога (CV-60), USS Ентерпрајз (CVN-65) и USS Џон Ф. Кенеди (CV-67) се исто искористени во серијата.

Крај на серијата[уреди]

Во 2005 Дејвид Џејмс Елиот најави дека ќе ја напушти серијата за да се посвети на други проекти откако продуцентите не му понудиле продолжување на договорот. Продуцентите размислуваа да ја сменат локацијата во серијата во морнарската база во Сан Диего и дури една епизода од десеттата сезона е снимена таму. Како и да е, CBS телевизија најави прекинување на серијата на 4-ти април, 2005, после десет сезони. Последната епизода, се емитуваше а 29-ти април, 2005, и Харм и Мек беа доделени со различни воени бази: Харм во Лондон, Мек во Сан Диего. Конечно се соочуваат со чувствата и одлучуваат да се земат. Епизодата завршува кога Бад ја фрла паричката на А.Џ. Чегвиден за да одлучат кој ќе ја напушти работата за да бидат заедно. Но, држејќи се до традицијата на ЈАГ епизодата завршува без да се дознае резултатот.

Раздвојување во NCIS[уреди]


Во 2003 година, за време на сезоната 8, серијата предизвика раздвојување на NCIS на една епизода во два дела, каде што Раб е обвинет за убиството на полковникот Сингер. Двете епизоди, со наслов „Ice Queen“ и „Meltdown“, се фокусирани на NCIS тимот, со војниците на ЈАГ како споредни карактери. Со оглед на тоа дека епизодите на ЈАГ се главно ориентирани како драма во судница, NCIS е пофокусирана кон полето за кривични истражувања. NCIS сериите следат поразличен начин на раскажување на приказната, за разлика од сериите на ЈАГ, каде што хуморот на карактерите е понагласен од самата програма. Подоцна NCIS ги произведе своито издвојување, NCIS: Los Angeles, каде што се оддалечува од стилот и темата на ЈАГ. Подоцна NCIS: Los Angeles преминува во Hawaii Five-0. Многу актери кои имаа улога во ЈАГ, се појавија во NCIS, како што се: Патрик Лабиорто, со улогата на Бад Робертс во епизодата „Hung Out to Dry“, и Скот Лоренс, како Капетан Томас Линд во епизодата „A Man walks into a Bar...“. Тие беа единствените главни членови во ЈАГ тимот, се додека Џон М. Џексон (веќе пензиониран) се враќа како А.Џ. Чегвиден во финалната „Damned If You Do“. Алиша Копола се појави во улогата на потполковник Феит Колман во неколку епизоди во ЈАГ и Адам Болдвин кој се појави и на двете програми како командант Мајкл Рејнер. Исто така, Шон Мареј, како специјален агент Тимоти МекЏи во NCIS, имаше две улоги – Заставник Џитри, заставник на судењето во сезона 4, епизода „Innocence“, и „Дени Валден“, синот на една од многуте девојки на Адмирал Чегвиден.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: