Прејди на содржината

Шишани

Координати: 40°26′N 21°30′E / 40.433° СГШ; 21.500° ИГД / 40.433; 21.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шишани
Σισάνι
Шишани is located in Грција
Шишани
Шишани
Местоположба во областа
Шишани во рамките на Горуша (општина)
Шишани
Местоположба на Шишани во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°26′N 21°30′E / 40.433° СГШ; 21.500° ИГД / 40.433; 21.500
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаСињак
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно254
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Шишани или Сисани (грчки: Σισάνι; книжевно: Σισάνιον) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 254 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено високо на превојот меѓу планините Мурик и Сињак. Се наоѓа на 4 км југозападно од Влашка Блаца, на 15 км северно од Селица и на 30 км северно од Сачишта. Во Шишани се наоѓа Шишанскиот манастир „Успение на пресв. Богородица“.

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Јордан Заимов смета дека првичното македонско име на селото било Сешане.[2][3]

Средновековие[уреди | уреди извор]

Во средновековието Шишани било епископско седиште во рамките на Охридската архиепископија чија катедрала била посветена на Богородица и датира од XI – XII век.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XVII век арпхиепископот Зосим II го преместил епархиското седиште од Шишани во Сачишта.[5]

Според Тодор Симовски, населението потекнува од влашки доселеници од Епир кое со време силно се погрчило.[6]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал за Шишани:

Оттука [Емборе] на 1 час југозападно се наоѓа христијанското село Себан или Сисан. ова село во византиско време било град, наречен Алифус. Тогаш овде била резиденцијата на Шишанскиот и Сачишки митрополит, на кој тоа денес е потчинето во црковен поглед. Во селото и денес има неколку църкви. Сместено е на доста плодна рамница и оградено е со шуми. Во него има 20 куќи со 25 семејни двојни и 46 нуфузи, кои плаќаат 2300 пјастри данок и 1380 пјастри [инание-аскерие]. Во селото има много потоци и воопшто многу вода. Жителите се занимаават со земјоделство... Селото Сисан е оддалечено на 5 часа од Сачиста, на час и половина од Блаца и на пет и половина часа од Кајлар.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сисани (Шишани, Шајни) имало 400 жители Грци и 400 жители Власи.[8]

Според грчка статистика од 1904 г. во селото живееле 250 гркојазични „Грци“.[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна (1912) селото е окупирано од грчка војска, а по Втората (1913) тоа е припоено кон Грција. Таа година во Шишани живееле 454 лица. Во 1920 г. населението пораснало на 487 лица, а во 1928 г. селото имало 463 жители.[6] Населението порано се занимавало исклучиво со сточарство, а подоцна и со други занимања.

Гробишниот храм на селото е посветен на Свети Никола.[10]

Преименувани местности во Шишани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Цифликиотика Ливадија Τσιφλικιώτικα Λιβάδια Ливадија Λιβάδια[11]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 569 565 600 419 507 414 348 254
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Заимов, Йордан (1967). Заселване на българските Славяни на Балканския полуостров : проучване на жителските имена в българската топонимия. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 54.
  4. Καραγιάννη, Φλώρα. „Επισκοπικός Ναός Σισανίου“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Посетено на 24 мај 2014.
  5. Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 247–248. ISBN 954-430-345-6. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 347. ISBN 9989-9819-5-7.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 169–170. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 269. ISBN 954430424X.
  9. Σπανός, Κωνσταντίνος. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
  10. „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2013 јануари 5. Посетено на 3 јануари 2015. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  11. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1051. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]