Прејди на содржината

Латоришта

Координати: 40°17′N 21°14′E / 40.283° СГШ; 21.233° ИГД / 40.283; 21.233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Латоришта
Αγίασμα
Латоришта is located in Грција
Латоришта
Латоришта
Местоположба во областа
Латоришта во рамките на Горуша (општина)
Латоришта
Местоположба на Латоришта во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°17′N 21°14′E / 40.283° СГШ; 21.233° ИГД / 40.283; 21.233
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000745000000745 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно2
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Латоришта или Златоришта (грчки: Αγίασμα, Ајасма; до 1927 г. Λατόριστα, Латориста[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 2 жители (2021).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта и околу 15 км западно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 745 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

По името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Латоришта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Латоришта живееле 110 Грци, од кои 55 христијани и 55 муслимани (Валахади).[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лотаришта е претставено како чисто грчко село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 22 куќи.[5]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Латоришта (Latorichta) има 55 Грци.[6]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Латоришта живееле 120 Грци христијани.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 149 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 143. Бидејќи муслиманското население отпорано се иселило, во селото не биле населени бегалци.[3]

Во 1927 г. името на селото било променето во Ајасма (Αγίασμα), по стариот извор кој се наоѓал на денешната местоположба на црквата „Св. Атанасиј“.[8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува жито, компири и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 126 127 109 45 50 35 34 3 2
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Општината Латоришта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Латоришта, во кој влегуваат и селата Мазган, Царишта и Чавалер.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Latorista -- Agiasma“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-19.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 341.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 272. ISBN 954430424X.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 77.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  7. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  8. 8,0 8,1 „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-04. Посетено на 7 мај 2024.
  9. „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 7 мај 2024.