Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Злести
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата во Злестинскиот манастир | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Белчишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′01″N 20°48′52″E / 41.28361° СГШ; 20.81444° ИГД |
Место | Злести |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 2000 |
Завршено | 2009 |
Осветување | 1 август 2009 |
Архитектонски опис |
Рождество на Пресвета Богородица (позната и како Пресвета Богородица или Света Богородица) — главна манастирска црква на новоизградениот Злестински манастир, сместен во непосредна близина на селото Злести, во чиј двор се наоѓаат остатоци на старохристијанска и средновековна црква Св. Богородица Пречиста, која се верува дека била изградена на темели на старохристијанска црква во времето на светите Климент и Наум.
Историја[уреди | уреди извор]
Започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Иконостасот бил изработен од Гоце Трајчески, фрескоживописот во внатрешноста го изработила Васе Чуркоска, додека иконите се дело на Љупчо Дескоски.[1]
Црквата била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј на 1 август 2009 година.[1]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Страничен поглед на црквата
-
Целосен преден поглед на црквата
-
Црквата со дел од дворот
-
Црквата заедно со наоѓалиштето Св. Богородица Пречиста
-
Поглед на црквата
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА „РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА" – С. ЗЛЕСТИ, ДЕБРЦА, ОХРИДСКО“. Дебарско-кичевска епархија. 4 август 2009. Посетено на 28 август 2016.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Злести на Ризницата ?